Вторник, 26 Март 2019    PDF Печати Е-пошта
Бизнисот со марихуана врти-сучи пак се поврзува со премиерот Заев
alt

Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Зошто Заев се уште молчи за скандалот со лиценцата за производство на марихуани од кои ќе се земаaт милионски суми?

Со секој изминат ден на власт богатството и бизнисите на блиските на Зоран Заев односно кланот Заеви енормно се зголемуваат. Граѓаните на Република Македонија осиромашуваат, а фамилијата Заеви континуирано се богатат а тоа на сметка на граѓаните и државните бизнис интереси.

Бизнисот со марихуана врти-сучи пак се поврзува со премиерот Заев.

Имено, според последните информации во јавноста и оние кои што се проширија во медиумите, фирма во која косопственик е лице со исто име и презиме како адвокатот на Зоран Заев, добила лиценца за одгледување на канабис односно марихуана. Фирмата Канабис ОНЕ Доо Струмица  добила лиценца од министерството за Здравство по претходно добиена согласност од Владата. Оттука е крајно сомнително и скандалозно како може Владата кај што е премиер Заев да даде лиценца за вносен бизнис на фирма кај што лицето Ване Андреев, со идентитет како адвокат на Зоран Заев фигурира. Дали ова лице Ване Андреев  е адвокатот на Заев кој сега ќе произведува марихуана и ќе заработува милиони? Дали Заев и во овој случај не гледа никаков судир на интереси како во случајот кога во бизнисот со марихуана влезе и семејната фирма на неговиот братучед Трајче Заев?

Да биде уште поскандалозно медиумите пишуваа, а никој не демантираше дека извесна Сара Еленова, монахиња во епархијата на митрополитот Наум инаку кој важи кај граѓаните за близок пријател до Заев е еден од косопствениците и партнерите во фирмата Канабис Оне Доо Струмица. Дали и црквата влезе во бизнисот  со марихуана? Дали митрополитот Наум кој самиот Заев го нарекува свој духовен отец  влегол во одгледување на марихуана? Ако е ова точно, тогаш дали Црквата наместо со духовноста и верата ќе почне да одгледува марихуана? Дали, ако сето ова е точно, добиваме уште една потврда дека во Струмица перфектно продолжува да функционира бизнисот по моделот едно евро за Вицето, едно евро за Црквата? Во тој случај Господ нека им помогне на граѓаните кој што се борат секој ден да врзат крај со крај.

Овој скандал е огромен. Тој е спротивен и на Божјите и на земните закони и со ова сериозно треба да се позанимава Обвинителството ако има барем грам интегритет и професионалност. Зарем за нив не е скандалозно адвокатот на премиерот да добие лиценца за милионски бизнис, а патем во тоа да е вмешана и Струмичката Епархија истата онаа од серијалот епизоди со едно Евро за Црквата.

Јавноста и граѓаните гледаат со каква криминогена и корумпирана власт си имаат работа. Ова мора да престане час поскоро. Почетокот на крајот на овој криминален картел на власт се претстојните избори кога народот ќе ги казни за сите матни бизниси кои ги прават а кои имаат единствено за цел лично богатење на власта на Зоран Заев, фамилијата Заеви и нивните блиски луѓе односно бизнис партнери.

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.