|
||||
ИВАНОВ ОСТАНУВА НА ДОЛЖНОСТА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКАТА ДО ИЗБОРОТ НА НОВ |
Пишува Тодор ПЕТРОВ ИВАНОВ ОСТАНУВА НА ДОЛЖНОСТА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКАТА ДО ИЗБОРОТ НА НОВ, ДОКОЛКУ СЕ ПОВТОРИ ИЗБОРНАТА ПОСТАПКА! Врз основа на членот 82 став 1 а во врска со членот 87 став 3 од Уставот, независно од мандатот на актуелниот претседател на Републиката, не постои уставна можност, доколку не биде избран нов претседател на Републиката при повторување на изборната постапка, функцијата претседател на Републиката да ја врши претседателот на Собранието! Претседателот на Републиката на кој му престанал мандатот, останува на должност до изборот на нов претседател на Републиката! Никаде во Уставот не е утврдена можност претседателот на Собранието да ја врши функцијата претседател на Републиката, доколку не биде избран нов претседател на Републиката! Точно е дека во согласност со членот 80 став 1 од Уставот “претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години.“ Но, никаде во Уставот не пишува дека доколку не биде избран нов претседател на Републиката, функцијата до изборот на нов ја врши претседателот на Собранието! Аналогијата е соодветна на членот 93 став 5 од Уставот “владата на која и’ престанал мандатот, останува на должност до изборот на нова Влада.“ Според членот 82 став 1 од Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието, но во строго определени случаи: Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот. Иванов ниту е умрен, ниту дал оставка, ниту е трајно спречен да ја врши функцијата - се мисли на одземање на деловната способност, ниту му е утврдена одговорност врз основа на членот 87 од Уставот за престанок на мандатот по сила на Уставот! “Престанок на мандатот по сила на Уставот“ се однесува единствено при утврдување на одговорност на претседателот на Републиката поради “кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности“ во согласност со членот 87 од Уставот! “Престанок на мандатот по сила на Уставот“ не значи престанок на мандатот поради неизбор на нов претседател на Републиката! Понатаму, според членот 82 став 2 од Уставот “настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд на Република Македонија по службена должност.“ Не постои уставен автоматизам претседателот на Собранието по сила на Уставот да ја врши функцијата претседател на Републиката доколку тоа не го утврди Уставниот суд по службена должност, но само во случаите на членот 82 став 1 од Уставот. Уставниот суд и да утврди престанок на функцијата претседател на Републиката, Иванов останува на должност до изборот на нов претседател на Републиката! Неизборот на нов претседател на Републиката не значи право на претседателот на Собранието да ја врши функцијата претседател на Републиката до изборот на нов! Ниту членот 82 став 3 од Уставот му дава право на претседателот на Собранието да го замени претседателот на Републиката доколку не биде избран нов претседател на Републиката. Истовремено, според членот 81 став 8 од Уставот “изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател.“ Но, “во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот.“ Во ваков случај, претседателот на Собранието е должен веднаш да ги распише изборите за претседател на Републиката! Според членот 12 став 1 од Изборниот законик, со актот за распишување на изборите се определува денот од кога почнуваат да течат роковите за извршување на изборните дејствија и денот на одржувањето на изборите, но не повеќе од 40 дена од денот на престанокот на мандатот. Точно е дека во членот 12 став 4 од Изборниот законик “од денот на распишувањето на изборите до денот на одржувањето на изборите не може да помине повеќе од 90 дена, ниту помалку од 70 дена“, но овие рокови се однесуваат само во услови на редовни избори, кога изборот на претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случаите од членот 82 став 1 од Уставот, изборните дејствија мора да бидат скусени во рамките на 40 дена кога мора да се изврши изборот, а рокот за распишувањето на изборите не може да биде членот 12 став 4 од Изборниот законик. При повторување на целата изборна постапка, претседателските избори мора да се распишат со решение дента кога Државната изборна комисија ќе утврди дека не е избран претседател на Републиката. И најважно, недопуштено е, ако не се избере претседател на Републиката на општи и непосредни избори, изборната постапка да заврши во Собранието со измена на Уставот. Изборната постапка се повторува на секои 40 дена се’ дотогаш, додека не биде избран претседателот на Републиката. Изборната постапка мора да заврши како што започнала, на општи и непосредни избори. Од одлука за пристапување кон измена на Уставот до усвојување на амандмани на Уставот, во најбрза вријанта, минуваат 90 дена. А изборот за нов претседател во случај на престанок на мандатот, се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот. Секако, 81 пратеници можат да сторат било што, како и досега, спротивно на волјата на народот, но тоа ќе е можно само доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и натаму останат неми статисти во Собранието како и досега, односно доколку не го напуштат и предизвикаат криза за нови парламентарни избори! За да биде: Сите луѓе на Калето... Оттука, му чинело тоа некому или не, го сакале некои него или не, доколку на 5 мај 2019 година не биде избран нов претседател на Републиката, Иванов останува во претседателската резиденција на Водно до изборот на нов претседател на Републиката, кога и да се случи тоа после 12 мај 2019 година! |