|
||||
Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ од Битола обединети пред претстојните Претседателски избори (Фотографии) |
Денес во ОК Битола состанок со ветераните на ВМРО-ДПМНЕ од Битола одржаа Манојил Мане Јаковлески, Делче Ицков, Ламбе Арнаудов и Слободан Анастасовски. Барајќи ја нивната поддршка за кандидатот за Претседател на Р.Македонија на претстојните Претседателски избори, Мане Јаковлески своето обраќање пред нив го започна со извадок од писмото на војводата Христо Узунов до неговата мајка пред да биде убиен во с.Цер: - Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас, без ни најмалку да те навредувам - се чувствувам повеќе син на втората моја мајка - Македонија, отколку на тебе, која си ме родила. Во продолжение ги потсети своите сопартијци на почетоците на своите активности и иделогијата врз која се заснова партијата: - Храбри биле патриотите кои се бореле за Македонија, храбри сме и ние ветераните браќа и сестри, такви бевме кога ја формиравме ВМРО-ДПМНЕ такви сме и денес. Деведесетите години не се плашевме од УДБ-а, не се плашиме ниту денес. Такви сме затоа што за нас ВМРО e идеологија. Да се биде член на ВМРО-ДПМНЕ е влог за иднината на Македонија. Тоа е партијата која на 17 јуни 1990 ја формиравме. Бог да го прости идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски и сите кои се бореле за самостојна Македонија. АМИН! Јаковлески не остана рамнодушен на изречените пресуди за упадот во Собранието на 27 април 2017, па рече: - Од осамостојувањето на земјата во 1990 г. наваму речиси да нема година, а да не започнат активности за разнебитување на македонскиот народ и држава. Во пресудата што ја изрече судијката Добрила Кацарска за случајот „27 април“, „како во времето на пусто турско“, патриотите добија вкупна затворска казна од 211 години. Никогаш во поновата историја на македонскиот народ не се паметат вака високи казни какви што ги добија патриотите кои откако им беа отворени вратите на 27 април 2017 година влегоа во Собранието. Режимот на Заевистите не може да биде вечен. Еден ден овие патриоти ќе бидат ослободени и рехабилитирани, а нивните места во затворите ќе ги заменат со своите џелати. Борбата за Македонија продолжува, таа никогаш нема да запре, а сите што згрешиле еден ден, многу брзо ќе одговараат пред македонскиот народ. Во продолжение Јаковлески истакна по што ВМРО-ДПМНЕ се разликува од СДС и кои се бенефитите за државата доколку Гордана Силјановска Давкова го замени Претседателот Иванов: - Ја формиравме ВМРО-ДПМНЕ заради идеологија, заради аманетот од претходните генерации, а што ни се случува денес? Пред наши очи предавници ни ја растураат државава. Проблемот што ни го наметна Грција со името и постоењето на Македонија и Македонците, го решаваат национално обезличени, корумпирани без`рбетници, кои прифатија да потпишат се` што им се наложи. Почитувани, после два поминати мандати на проф. д-р Ѓорѓе Иванов како најуспешен претседател на Републиката, влегуваме во трка за негов наследник. Од една страна го имаме Пендаровски кој го нарече народот стока и кој ветуваше дека никогаш нема да прифати промена на уставно име, а сега не убедува дека сите треба да го прифатиме. Доколку се чувствуваме како Македонци, а не како Северни, доколку се чувствуваме како граѓани на Република Македонија - а не на Северна, тогаш изборот е јасен.Ако Иванов не може да му биде противник на Пендаровски, и да го победи уште еднаш, тука е професорката Гордана Силјановска. Таа не ја прифаќа промената на името на Република Македонија. Поради ваквиот став професорката Силјановска зад себе ја има поддршката не само на ВМРО, туку и на мнозинството македонски народ, кој својот став по однос на името го искажа на референдумот одржан мината година во септември. Гордана Силјановска во едно интерју ќе каже дека доколку стане претседателка, поради кршење на националното и меѓународно право „ќе го држи прашањето за името отворено“. Иако, Силјановска ги има сите адути да биде идна мајка на нацијата, постојат индиции дека актуелната власт ќе оди на полнење на кутиите како што се случуваше на референдумот. Овој период од 20 дена кој ни претстои ќе бидете притискани, уценувани, омаловажувани, заплашувани. Да се сплотиме, да ги обединиме силите, ние членовите на Унијата на ветерани, Унија на млади сили, Унија на жени, симпатизери на нашата партија, и да им кажеме доста е. Некои повикуваат на бојкот, но бојкотот е погрешен избор. Ако граѓаните на Р.Македонија не излезат на овие претседателски избори во огромно мнозинство и при тоа не дадат поддршка на професорката Гордана Силјановска, СДС ќе има апсолутна власт како на државно, така и на локално ниво. Во I круг на претседателските избори потребен минимум на излезност на гласачи, НЕ Е предвиден согласно Устав и Закон. Тоа значи во I круг да излезат и само 300.000 гласачи, во II круг ќе поминат првите двајца кандидати. Ако СДСМ полнеле кутии за референдумот од 17 часот, сега ќе полнат од 14 часот. Ако уценувале, сега ќе уценуваат двапати повеќе и по агресивно. И што ќе добиеме? Апсолутна власт на СДС, нови 5 години во кој СДС со Претседател ќе ништи се пред себе и никој ќе нема право да им се спротистави, бидејќи ние сме бојкотирале. Ако не успеат изборите, В.Д. Претседател ќе биде Талат Џафери. Со В.Д Претседател, СДС може лесно да си изгласа Претседател во Собрание на Република Македонија, бидејќи веќе има 2/3 мнозинство. Почитувани, Со победа на Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова на овие избори започнува борбата за спречување на геноцидот врз Македонците. Таа беше против територијална поделба во 2004 година која произлегува од фамозниот Рамковен договор од 2001 година. Гордана не излезе на референдумот на 30.09.2018 год. затоа што не сакаше да му даде легитимитет на нешто што е спротивно на меѓународното право и на Уставот на Република Македонија. Поважно од било кога порано е да се обединиме и секој од нас да го даде својот глас за Проф. Гордана Силјановска Давкова, на која нашата партија вклучувајќи ме и мене ја дадовме нашата поддршка. Преку изразена поддршка и цитат од Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, Мане Јаковлески повика на сплотеност и единство на целиот македонски народ, велејќи: - Почитувани, некои наши бивши сопартијци се откажаа од идеологијата. Денес им помагаат и се во служба на предавниците. Затоа браќа и сестри, апелирам: Да ги здружиме силите, да се сплотиме сите на кои Македонија ни е во срцето и гласно да кажеме, ние никогаш нема работиме против интересите на Македонија. Дозволете ми сестри и браќа, да го цитирам нашиот почитуван претседател Христијан Мицковски, пред некој ден на трибината во Охрид: „Има работи во животот за кои вреди да се бориш, ова е тоа време, ова е таа наша борба, ова е борбата на нашата генерација, ова е борбата по која што ќе се паметат храбрите, мотивираните и одлучните. Ова е борбата за иднината на Македонија. Ова, браќа и сестри, драги сограѓани, не се само локални и претседателски избори, ова е многу повеќе од тоа. Ова се избори на кои се одлучува иднината Македонија, нашата иднина, иднината на вашите семејства, ова е борба за правда, принципи и борба за вредности. Ова е шанса за исправање на сите неправди сторени кон нашата татковина, кон вас, кон вашите блиски. Ова е неповторлива шанса да се матира Заевизмот кој го гуши секое парче слобода на овој простор. Овие избори ќе дадат одговор на прашањето ќе не биде или нема да не биде како Македонија, одговорот ќе го дадеме сите заедно најпрвин на 21 април, потоа на 5 мај, а веднаш потоа на предвремени парламентарни избори. Одговорот го знаеме, ќе не биде и тоа како ќе не биде“. Затоа мои истомисленици, ние, ветераните, му даваме целосна поддршка на Претседателот Христијан Мицкоски заедно со нас да истрае на патот по кој чекори и заедно да ја вратиме Македонија на правиот пат. На самиот крај Јаковлески ги осуди лошите политики на власта, погубни за народот и државата: - Македонскиот народ мора да се обедини за да се спаси од заевистичкото зло и на заблудените да им се објасни каде тоа зло ја турка земјата. Потоната економија без нови странски инвестиции, без нови работни места, со 0 економски раст; драстично задолжување на државата со огромен државен и јавен долг кој ќе ги доведе граѓаните до питачки стап; урнисано здравство, без лекови, катастрофални здравствени услуги, без здравствени работници; скратена социјална помош и пензија итн. Всушност овие луѓе мора да се привлечат за македонската кауза, пред сегашната власт тотално да ја уништи македонската куќа. Со какви политичари си имаме работа ни покажаа вчера, Заев и Пендаровски кои немаа време за македонската химна, а тоа е најголем срам до сега во историјата на Република Македонија и покажува колку тие ги потценуваат националните и државни обележја. Нема поголемо понижување од тоа да се срамиш од сопствената химна и сопствената гарда, а да земаш плата од државата и од граѓаните чии интереси треба да ги застапуваш и штитиш. Зоран Заев е човек без достоинство! За да се спасиме од џунглата во која владее безаконие, овој пат на македонскиот народ му е потребна мајка на нацијата, жена која го знае правото и која е способна да ги собере своите заблудени македонски синови за да го исчисти злото кое го посеаја заевистите. Овој пат мнозинството кое го бојкотираше референдумот за промена на името, како и оние кои власта ги разочара, треба масовно да излезат и да ѝ дадат поддршка за идната мајка на нацијата. Затоа потребен ни е секој човек, обединети и сложни. Заевизмот мора да биде поразен! Македонија е наша судбина! Да го поразиме заради нас, заради нашите деца. Да победиме заради Македонија! Правда за Македонија! Татковината повикува! АМИН! |