|
||||
Зоран Заев и Стево Пендаровски се 102.5% исти |
ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Стево Пендаровски се 102.5% исти- Заев призна дека лажел кога ветувал почеток на преговори со ЕУ во јуни, ист е и ПендаровскиРепублика Македонија не може да се придвижи ни милиметар кон ЕУ, се додека власта наместо да работи и прави реформи, тргува со националните и државните интереси, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат: „Лично Зоран Заев призна дека цела година ги лаже граѓаните. Почеток на преговори со ЕУ во јуни може и да нема. Ова го кажа лично Зоран Заев, политичарот кој ветуваше дека веднаш по промената на името Република Македонија ќе се придвижи на својот пат кон ЕУ. Правилата на ЕУ се јасни. Првин реформи, па тогаш преговори. ВМРО-ДПМНЕ изразува сериозна загриженост, дека реформи со оваа влас не се можни.“ Од партијата потенцираат дека СДСМ го политизираше судството и ја партизираше администрацијата. -Економијата тоне, а тоа го потврдија и германските стопанственици. Република Македонија е единствена земја во Европа, каде има политички монтирани случаи. Република Македонија за жал е далеку од реформи. Напредок со СДСМ не е можен. Напредок со Зоран Заев и Стево Пендаровски е невозможен. Пендаровски исто како и Заев само ќе ја уништува државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ и подвлекуваат: „Република Македонија има потреба од чесен, работен и честит човек за претседател. Гордана Сиљановска Давкова е вистинскиот избор за Република Македонија.“ ВМРО-ДПМНЕ |