|
||||
Мицкоски од Гостивар: иден претседател е Гордана Силјановска Давкова |
Мицкоски од Гостивар: Вистината е јасна и едноставна, победуваме, а иден претседател е Гордана Силјановска ДавковаПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со граѓаните од Гостивар. Тој од Гостивар кажа дека секаде во Македонија слушал дека иден претседател на Република Македонија ќе биде професорката Гордана Силјановска Давкова, со што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи СДСМ најпрво на 21 Април, потоа и на 5 Мај, а потоа и на предвремените парламентарни избори. – Во разговорите со граѓаните слушам дека секаде има разочарувањето од сета онаа лага којашто ја кажуваше Зоран Заев и СДСМ и предизвикала голема депресија кај народот. Тешко и траорно е да се разговара за реалните проблеми кои се нивно секојдневие.Уште потешко е кога на прво ќе се појавите и почуствувавате од нивна страна една недоверба затоа што во вас како политичар гледаат или човек што дошол овде да лаже, а ако лаже да добие можност понатаму да краде. Таа е реалноста во Македонија. Јас сум овде и стојам пред вас овде исправен и ве гледам очи во очи и само со една молба, а тоа е да ве замолам да ни дадете шанса да покажеме дека сме порзлични и да видите дека таа шанска ќе биде искористена навистина, истакна претседатело Мицкоски. Претседателот Мицкоски посочи дека Зоран Заев заедно со СДСМ во изминатиот период имаат кажано многу невистини и тие невистини резултираат со големо разочарување кај граѓаните. -Се сеќавате на оние говори коишто Зоран Заев гии говореше дека не бил покојниот Никола Младенов починат затоа што се случило сообраќајна несреќа, туку тоа грозоморно некој му го договорил за да години потоа видиме како сопругата на Никола Младенов ја изговори вистината и каже дека тој го изгубил својот живот заради неприлагодената брзина на условите на патот. Кој лажеше овдека, која ја говореше вистината. И до ден денеска го нема овој премиер Зоран Заев да излезе и да ги погледне граѓаните и да им каже вистината на граѓаните, порача Мицкоски. Тој имено потсети и на малиот Мартин Нешковски, на младите животи кои несреќно згаснаа на Смилковско Езеро за кои Зааев велеше дека имал докази за една поинаква вистина од таа што е. Но и до ден денеска не се знае што мислел Зоран Заев, ниту пак се знаат вистинските сторители на тие немили настани. – Неправда е кога ќе ги редат чевлите пред Влада како опозиционери , а денеска симболизираат дека тоа е големо изелување и дека не се задоволни со политиките на тогашната владат за да денеска видиме дека ниту еден човек не дојде по својот пар чевли, туку напротив илјадници наши сограѓани трајно ја напуштија Македонија бидејќи се разочарани од ветувањата на Зоран Заев и врхушката на СДСМ, објасни Мицкоски. -Неправда е кога на докторите ќе им ветите плата од 100 илјади денари, кога ќе ветите реновирани клиники, а денеска ги гледаме докторите како трајно заминуваат од Mакедонија и ги полната клиниките во Eвропа и Aмерика. Неправда е кога на младите ќе ветите младинска гаранција и сигурни места, а денеска привилигирани ќе бидат само до 7 колено роднините на Mира Дизел затоа што му била слуга на Зоран Заев, додаде Мицкоски. Претседателот Мицкоски потсети дека во Струмица ги спомнал петте струмички студенти кои кои своите животи на Беласица ги дадоа за ова парче земја. ВМРО-ДПМНЕ |