|
||||
Да победиме на изборите и да ги испратиме на незаслужен одмор! |
Силјановска со порака од Македнски Брод: Да победиме на изборите и да ги испратиме на незаслужен одмор!Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова вечерва од Македонски Брод порача дека доста е од владеењето на оваа власт и дека заслужуваат со тоа што ништо не сработија како што вели Силјановска народот да ги испрати на незаслужен одмор.
Немам верба дека во јуни ќе добиеме датум.Европската Унија си има сериозни сопствени проблеми и се разбира секој секогаш треба да се води од сопстевните интереси, така и ние нашите национални интереси треба меѓу себе да ги решаваме, со коснензус, а најмногу со народот, а тие сите ги заборавија. Треба да има разни кочници и спреги за никој да нема премногу власт, тогаш ние граѓаните ќе имаме слобода, а тоа кај нас го нема.
Нема ден да не чуеме за нов скандал, само за економија нема да чуеме една убава вест. Си додаваат само нули, а веќе се докажа дека економијата ни е нула. Со таква економија не се чекори кон Европа. Затоа, да победиме на изборите и да ги испартиме на незаслужен одмор, оти ништо не сработија. Па на крајот на мандатот да ветат и да го спроведат тоа дека ќе распишат предвремени парламентарни избори. Само така знаењето од најумните, од оние надвор да ги замолиме да се вратат во најтешките моменти со ветување дека најдобрите ќе бидат на највисоките места. Така ќе ги задржиме децата, и ќе ги натераме да размислат дали и дима не може да градат европска Македонија, рече Гордана Силјановска Давкова.
|