Петок, 19 Април 2019    PDF Печати Е-пошта
Сите заедно да кажеме Ура за Македонија!Правда за Македонија! Татковината повикува!

gordanaДенес е последниот ден од кампањата која претходи на изборите каде се одлучува за заедничката иднина, 21 Април е денот кога се гласа не само за Претседател, туку се брани и одлучува за Македонија, за заедничката судбина, за вашите и нашите семејства, се брани правдата и нашата гордост, нашето достоинство и нашата историја.

А, Македонија е нашата судбина, сите порази и успеси, нашето постоење, нашата емоција, семејството, татковиот прекор, мајчинската љубов, детскиот глас поради кој вреди да се бориш и живееш. Без нејзе сме ништо, и само со неа нашето постоење има смисла.

Поминаа 2 тешки години. Сега е време за казната, 21 Април е тој ден, за сите неправди, за сменетето име, за измамените надежи, казна за распараните срца кога така едноставно со копче во раката ни го менуваа името, време е за казна за криминалот на улиците, за неправдата врз Саздо, казна за немирот на родителите од Смилковското езеро, за прогонот на патриотите кои никогаш не можат да бидат терористи, за терористите од Смилковско кои шетаат на слобода, за преполовената казна за сторителот на трагедијата на Фросина, за моментите кога Премиерот се срами од Македонската химна, поради срамот кој го нанесоа врз делото на Коневски, Мисирков, херојските подвизи на Гоце, Даме, Узунов, Александров, Гемиџиите и многу други македонски херои кои живеаа и умреа за Македонија, за сите наши другари од генерацијата, пријатели и пријателки кои ја напуштија нашата земја, зошто овде не гледаа надеж. Време е за казната, но и одговорот.

И не барам да гласате поради нас, ниту поради ВМРО-ДПМНЕ, гласајте поради себе и Вашите блиски. Промената ќе дојде. Македонската пролет ќе се случи, овој пат со гласачко ливче. Јас, како и многумина, во ова влеговме затоа што искрено, целосно веруваме дека може поинаку. Нашиот код е ВМРО, а ВМРО е најсветиот чувар на Македонија, и тоа е организацијата каде Македонија не е само наша припадност, туку и наша должност. Оваа битка нема да биде лесна, знаеме со кого си имаме работа, но ние сме тука затоа што ќе биде тешко, а целта за нас е света, тоа е Македонија.

Затоа, како генерален секретар на организацијата чие име е и ќе остане да биде Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единство, Ве повикувам сите вие кои го носите пламенот на Македонија и на кои иднината им е важна да излезете и гласате за Гордана Сиљановска-Давкова заокружувајќи го бројот 2. Да го направиме првиот чекор на победа врз деспотот.
Нам честа, името и образот ни се поважни од се и знам дека нашата победа ќе биде велика, затоа што народот на Македонија ќе победи.

Сите заедно да кажеме Ура за Македонија!Правда за Македонија!
Татковината повикува!

Објава на ФБ-Игор Јанушев. ген. секретар на ВМРО-ДПМНЕ

57205939 1200145526824870 1517845148963176448 n

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.