|
||||
Победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот, почна падот на Зоран Заев |
Мицкоски: Победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот, почна падот на Зоран ЗаевПобедивме! Победивме и тоа е победа на сите вас, на сите вас што ја поддржавте професорката Гордана Силјановска, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференцијата одржана во партиското седиште.
-Ги победивме сите оние остатоци од транзицијата сите оние измамнички политики чив предводник е Зоран Заев. Ги победивме, но нецелосно ги поразвме затоа ни е потребна победа во вториот круг. Ја победивме хотел коалицијата, доаѓа правдата за Македонија за која се обединивме, окрупнивме и која беше нашата водилка. Оваа победа е голема затоа што е на народот, од денес Македонија има нова реалност. Македонија горда, честита. Победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот. Власта е делигитимрана. Почна падот на Зоран Заев. Ајде да ги поразиме, потенцираше Мицкоски. |