|
||||
Власта е во слободен пад, граѓаните кажаа дека сакаат право и правдина |
Македонија има нова реалност, власта е во слободен пад, граѓаните кажаа дека сакаат право и правдинаВчеравечер Македонија победи. Граѓаните сплотени без страв кажаа дека сакаат право и правдина. Гордана Сиљановска Давкова ја доби мнозинската поддршка од граѓаните. Народот вчера ги победи сите остатоци од транзицијата. Антидржавните политики и криминалот вчера беа поразени. Од денеска Македонија има нова реалност. Власта е во слободен пад. Никој повеќе не се плаши. Гордана Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победија над 30-тина партии кои застанаа со СДСМ и Стево Пендаровски. Македонија победи. Стравот е поразен. За целосна победа и делегитимирање на оваа власт е потребна победа во вториот круг. Народот ја порази хотел коалицијата. Народот ги порази елитистите од власта. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се обединиме во вториот круг и да го нанесеме финалниот удар за пад на власта. Македонија заслужува претседател кој ќе ги почитува уставот и законите. Македонија заслужува подобро. Гордана Сиљановска Давкова е вистинскиот избор, за право и правда. За подобра иднина. ВМРО-ДПМНЕ |