|
||||
Борба, а не бојкот!-„Македонија е жива и ќе живее се додека постојат Македонците“! |
Ангел Драскачев: Борба, а не бојкот!Тивко е на Ножот. На Бихачка не само што е тивко, туку и депресивно. Нешто слично е и во штабот на #БојкотирамПИ.
Кога го спомнав Ножот, сигурно сте слушнале за таа епопеја каде што млади комити се судриле го огромен турски аскер. Пред да бидат опколени, стигнала наредба од војводите да се повлечат и да ги отстапат позициите без борба (читај да бојкотираат). На таа наредба било возвратено со писмо: „Кажете им на војводите дека не сме дошле да јадеме кокошки. Опколени сме од оган. Гориме и ќе изгориме! Друга позиција нема да бараме. Остануваме на Ножот да се бориме до крај“. Се бореа и загинаа скоро сите. Главнината на четите ги продолжила своите дејствија на други локации. Тоа го видовме на 21.04.2019. ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски успеа да извојува победа во 47 општини. На локалните избори изгубивме во тие општини. Онаа убава бајка за некаков си живот и она хистерично врескање по улици дека #НемаПравда, видовме дека се апсурд и ништо повеќе од тоа. Во еден мој говор на една ораторска вечер кажав: „Македонија е жива и ќе живее се додека постојат Македонците“! Зарем сега кога сме на чекор до конечно рушење на оваа власт и конечно воспоставување на правна држава, треба да не води инатот и егото и да останеме дома? Ајде запрашајте се дали ќе имавме држава доколку нашите претци седеа дома и не превзедоа ништо? Гоце Делчев можеше да биде успешен даскал и воопшто да не му е гајле дали Македонскиот народ страда од изроди и предавници или од султанот. Христо Узунов можеше да го напушти Цер преправен во невеста. Но не го стори тоа. Остана да се бори. Јас, Ангел Драскачев нема да останам дома со скрстени раце, туку ќе продолжам да чекорам по патот на Делчев, Узунов, Карев, Александров, Ченто, Брашнаров, затоа што добро си ја познавам историјата и знам дека овие ликови немало ништо да сменат доколку седеле дома. Нема да дозволам мојот нероден син да расте во безимена држава. Влегов во битката, а ќе излезам од неа во моментот кога конечно ќе се избориме за право и правда. Нема да седам дома и да чекам некој друг да ме ослободи. Затоа на 05.05.2019 масовно да ја поддржиме професорката Гордана Сиљановска Давкова и да ставиме крај на незнаењето, непотизмот, неспособноста и неправдата. Борба, а не бојкот! http://www.bregalnicki.mk/angel-draskachev-borba-a-ne-bo-kot/ |