Четврток, 02 Мај 2019    PDF Печати Е-пошта
За инает на вмровците, нека пасат овците
Сугарески: За инает на вмровците, нека пасат овците

Сугарески: За инает на вмровците, нека пасат овците

Автопатот Миладиновци – Штип не е пуштен за сообраќај, но тоа не значи дека не може да се користи. Ако не го бива за возење, совршен е за пасење.

Со свечено изведување на првото стадо овци на тазе асфалтот денеска беше пуштен во употреба автопатот Миладиновци – Штип.

На отворањето присуствуваше владина делегација предводена од министрите за транспорт и врси Горан Сугарески и земјоделство Љупчо Николовски и други видени и невидени владини функционери.

Пред свечениот говор на министрите, беше изведен перформанс „Урбано стадо“. Овците продефилираа на тазе асфалтот, па со громогласно мекање се упатија на пасиштето од спротива.

Уметницата Соња Ме на присутните функционери им се заблагодари што на едно стадо овци му овозможиле побрз и побезбеден пристап до пасишетето спроти селото.

Најавивте отворање, но натпатникот кај Свети Николе има недостатоци. Како тргнало, така и ќе остане. Ги поздравувам заложбите на владата автопатот да не се пушти во употреба, со што нам ни се обезбедува безбеден пристап до извори на храна. Уведени сме дека министерот Сугарески нема да дозволи да биде доведена во прашање безбедноста на овците. Досега сме немале разбирачка со владата, но оваа влада ни излезе во пресрет и за две години не реализира ни метар од најавените 500 километри патна мрежа, со што ни овозможи слободен проток како нам, на овците, така и на козите, но и магарињата. Колегите кози и магариња нотраат пораст на сообраќајот со магариња во некои непристапни предели–рече Соња Ме.

Сугарески во говорот се задржа на суетата на вмровците.

Грешките што ги наследивме ги коригиравме, сите проблеми ги надминавме и на крај имаме квалитетен автопат што ги задоволува сите меѓународни стандарди. Пречката што никако не можеме да ја надминеме е што автопатот го изгради претходната влада и ако сега ние дозволиме по него да возат коли, тие ќе си перчат и ќе речат, ете се китат со туѓи перја. Ние како влада ќе сториме сѐ што е во наша моќ да не им го дозволиме тоа задовоство. Освен натпатникот кај Свети Николе, безбедносни проверки, изборни циклуси, ќе го искосритиме и меѓународниот фактор, временските неприлики и сеирот со чочекот, и нема да дозволиме кола да им го пресече патот на овците. Е сега, да поминат избориве, да помине летото, да помине мандатов, па планираме да асфалтираме еден километар од петстоте ветени, ама меѓу Миладиновци и Штип за инает на вмровците, ќе пасат овците, рече Сугарески.

https://republika.mk/dvogled/sugareski-za-inaet-na-vmrovcite-neka-pasat-ovcite/

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.