Петок, 03 Мај 2019    PDF Печати Е-пошта
Македонија со политичари како Пендаровски и Заев не може да оди напред

vmro-1Граѓаните во недела ќе порачаат дека Македонија со политичари како Пендаровски и Заев не може да оди напред

Стево Пендаровски нема да биде Претседател на Република Македонија. Стево Пендаровски нема капацитет и не ја заслужува честа да ја води државата.

Еве ги главните причини зошто граѓаните не му дадоа поддршка на Пендаровски во првиот круг и зошто сега во недела Пендаровски ќе биде испратен во политичка пензија, како што самиот вети доколку и по втор пат биде поразен дека ќе замине.

  1. Стево Пендаровски е човек без став и мислење. Бледа копија на Зоран Заев. Човек кој се гордее дека е 102,5% ист како Зоран Заев.
  2. Стево Пендаровски е кандидат со само една цел да се заштити криминалот на Зоран Заев и да се обезбеди нова аболиција кога правдата ќе се врати во Македонија. Зоран Заев е единствениот политичар во Европа неколку кратно аболициран за тежок криминал, а Пендаровски молчи и за „Глобал“ и за криминалот „едно евро за Вице“
  3. Стево Пендаровски се срами да каже дека е Македонец. Исто како и Зоран Заев се срами од македонската химна. Стево Пендаровски се срами да каже дека Македонците во Егејска Македонија зборуваат на македонски јазик. Стево Пендаровски нема збор за ништењето кое се врши над македонската културна и историска посебност, овозможена од неговиот ментор Зоран Заев.
  4. Стево Пендаровски не е непартиски кандидат и не може да биде претседател на сите граѓани. Стево Пендаровски е хотелски кандидат кој ја доби поддршката со заткулисни игри и договор зад затворени врати на двајца партиски лидери.
  5. Стево Пендаровски не го почитува и го навредува македонскиот народ. За него граѓаните се „стока“ и „сурати“ кои не требале да му се појавуваат пред очи.
  6. Стево Пендаровски е транзициски политичар кој имал удел и во гостиварските и во бит пазарските настани каде постоеше сериозен ризик да се разниша меѓуетничкиот соживот во Република Македонија.
  7. Стево Пендаровски ја одобрува најгрубата партизација на администрацијата, за непотизмот на СДСМ. Стево Пендаровски и сега смета дека за тоа треба да одлучува партискиот суд, а никој од кланот на власт да не сноси одговорност.
  8. Стево Пендаровски не ги осуди злоупотребите во безбедносните служби, потфрлањето на полицијата и злоупотребите во изборна кампања. Стево Пендаровски не гледа неработење на полицијата додека криминалот цвета на улиците поттикнат од криминалот и неказнивоста на власта.
  9. Стево Пендаровски не го осудува урнисувањето на здравствениот систем во државата. Стево Пендаровски се прави дека не ја гледа тендер-политиката во јавното здравство на штета на граѓаните. Исто така Пендаровски како професор не гледа ниту урнисување на образовниот систем директно најавен од Заев Заев.
  10. Стево Пендаровски не се оградува од катастрофалните економски политики меѓународно оценети со НУЛА. Пендаровски тоа го поддржува и е дел од носењето одлуки кон натамошно тонење на македонската економијата.

Почитувани

Ова се причините зошто граѓаните во недела ќе му дадат црвен картон и ќе му порачаат дека Македонија со политичари како Пендаровски и како Заев не може да оди напред. Со политичари како Пендаровски и Заев Македонија нема да добие датум за преговори за почеток за влез во ЕУ. На ЕУ не и се потребни политичари кои ја штитат корупцијата и кој го штитат непотизмот.

Затоа во недела граѓаните масовно ќе излезат и ќе гласаат за враќање на правдата во Република Македонија. Затоа граѓаните во недела ќе гласаат за европска Македонија водена од Гордана Сиљановска Давкова.

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.