|
||||
Обединети Роми ја поддржаа Силјановска |
Обединети Роми ја поддржаа СилјановскаПроф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, доби поддршка од Ерџан Селими, Претседател на Роми обединети од Македонија за кандидатот за претседател на Република Македонија.
Почитувани пријатели,
Почитувани мои браќа и сестри, Најнапред сакам да Ви го пренесам моето големо задоволство што успеавте да ја препознаете вистинска вредност во личноста на Проф. Гордана Силјановска Давкова, но и да Ви честитам што покрај сите притисоци, закани и уцени со кои се соочивте и се соочувате, се охрабривте и гласавте за правда и правдина за сите, гласавте за претседател кој пред се ќе биде пријател, сојузник и голем поборник за правата на Ромите, гласавте за претседател кој има лично да се ангажира за заживување на принципот на владеење на правото за сите граѓани, согласно Уставот на Република Македонија. Почитувани пријатели, Доста е од тоа Ромите да бидат декор во нашето општество, Ромите се реалност и прашањето на Ромите треба единствено да биде грижа на нашата држава, која треба да ни овозможи наше еднакво учество во системот на државата, поголем просперитет, пристојна работа, квалитетно образование, подобар пристап во здравство, домување и уживање на сите наши уставни загарантирани права. За мене е важно, а верувам и за сите Вас да биде избран претседател кој ќе го зачува и промовира мултиетничкиот карактер на нашата држава, претседател на сите граѓани, а Македонија дом на сите Нас. Поради тоа, Ве повикувам да излезете масовно и да гласате за личност која е синоним за борбата за право и правдина, да гласате за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова, жена борец и за нашите Ромски права. 5-ти Мај е денот кога печатот за судбината на нашите права и нашата борба за еднаквост е во Ваши раце. Од Вас и од Вашата одлука зависи иднината на нашите најмили, најблиски и сите оние кои ги сакаме. Гласајки за бројот 2, за Гордана Силјановска Давкова, ја запечатуваме и судбината на нашите ромски политички измамници и манипуланти кои со години наназад не направија ниту една позитивна реформа за Ромите и сеуште бесрамно го лажат и манипулираат нашиот народ. Дајте со Вашиот глас да им дадеме и нив црвен картон! Доста ни беше од нивните анти-народни политики. Со почит, |