|
||||
Македонија, молам. Секое друго име е резултат на грчкото малтретирање |
Том Лајнс: Македонија, молам. Секое друго име е резултат на грчкото малтретирање
Том Лајнс, британски експерт по меѓународен бизнис и економија, не се согласува со именувањето на Македонија со додавката Северна, сметајќи го за спротивно на резултатите од референдумот од 30 септември. „Македонија, молам. Тоа е името што таа земја си го избра за себе, поддржано и на национален референдум неодамна. Секоја друга верзија на името е резултат на неприфатливото грчко малтретирање“, напиша на својот профил на Твитер известувачот на новинската агенција Ројтерс и на други медиуми за теми од банкарството. Лајнс има предавано плуралистичка економија и политичка економија на Универзитетот во Лондон, а претходно бил предавач по меѓународен бизнис на Универзитетот во Единбург. |