|
||||
Падот на криминалната и одродена власт на СДСМ е започнат и неизбежен процес |
Падот на криминалната и одродена власт на СДСМ е започнат и неизбежен процесПосле 5-ти мај во Македонија има нова политичка реалноста, a падот на криминалната и одродена власт е започнат и неизбежен процес. Уште еднаш се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија со најголема доверба кај народот. На 5-ти мај аболицираниот Зоран Заев доби врел шамар од граѓаните, кои јасно го изразија својот став дека се за промени и за ставање крај на криминалното владеење на СДСМ. Граѓаните покажаа дека им е доста од неостварените ветувања, неисполнети очекувања, криминално владеење во кое буџетската сметка единствено се користи за богатење на партиски функционери на СДСМ и нивните роднини. На граѓаните им е доста и гласаа против, криминалот, корупцијата и непотизмот на Зоран Заев и СДСМ, гласаа против криминалните тендери и грантови, ароганицијата на власта и пеколот кој го го донесе СДСМ, а кој беше најавен како живот. Покрај сите закани, притисоци и уцени, граѓаните се одважија и излегоа да стават крај на погубните политики на Зоран Заев. Поддршката за политиките на ВМРО-ДПМНЕ и покрај сите закани, притисоци и уцени порасна од првиот до вториот круг за 60 илјади гласови. Сите оние кои излегоа во време на неправда се херои кои покажаа дека Македонија им е најважна. Заслужуваат почит и сите оние кои не гласаа за ВМРО ДПМНЕ, како и граѓаните кои решија да останат дома, со уверување дека времето ќе покаже дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор. Бројките покажуваат дека доаѓа крајот на криминалот, корупцијата и непотизмот. Граѓаните бараат и очекуваат право и правдина. ВМРО-ДПМНЕ |