|
||||
Вечна им слава! Тие ќе останат запишани со златни букви во историјата |
Припадниците на безбедносните сили пред 4 години во „Диво Насеље“ со своја лична жртва покажаа дека Македонија и нејзините граѓани биле и ќе останат над сеДенеска навршуваат 4 години од терористичкиот напад на кумановско „Диво Насеље“, кога со брза и навремена акција, македонските херои ги одбранија мирот, безбедноста и територијалниот интегритет и суверенитет. Во борбата против терористичката група, во одбрана на Република Македонија и нејзините граѓани животите ги загубија: – Жарко Кузмановски (роден 1981), од с. Брвеница, Тетово – Ненад Серафимовски (роден 1987), од с. Зубовце, Гостивар – Сашо Самојловски (роден 1982), од с. Брвеница, Тетово – Бобан Ивановиќ (роден 1968), од с. Стајковци, Скопје – Горан Илијевски (роден 1974), од Гостивар – Исамедин Османи (роден 1983), од с. Студеничани, Скопје – Љубиша Аранѓеловиќ (роден 1966), од Скопје – Горан Стојменовиќ (роден 1970), од Миладиновци, Скопје Вечна им слава! Тие ќе останат запишани со златни букви во историјата, бидејќи со своја лична жртва покажаа дека Македонија и нејзините граѓани биле и ќе останат над се. Нема да бидат заборавени ниту нивните семејства кои за Македонија ги загубија своите најблиски. Посебна почит заслужуваат и останатите припадници на безбедносните сили кои покажаа невидена храброст, пожртвуваност и професионализам бранејќи ја Македонија на 9 и 10 мај во Куманово. ВМРО-ДПМНЕ |