Сабота, 11 Мај 2019    PDF Печати Е-пошта
Ги охрабруваме антикорупционерите да не подлегнуваат под притисоци

d0b0d180d181d0bed0b2d181d0bad0b8-d0bfd180d0b0d0b2d0bed181d183d0b4d0bdd0b8d0bed182-d181d0b8d181d182d0b5d0bc-d0b2d0be-d180d0b5d0bfd183-197347Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Арсовски: ДКСК да гo испита случајот со хидроцентралата МХЕ Падалишка ДОО Скопје каде Анѓушев се јавува како сопственик

Вчера бевме сведоци како вицепремиерот Кочо Анѓушев тврдеше дека сите одлуки што се носеле во врска со хидроцентралите ТОПОЛКИ биле кога тој не бил член на Владата. Веднаш да расчистиме, лаже.

Одлуката на неговиот колега министер Садула Дураку за продолжување на рокот за градба на хидроцентралите со анекс договор била токму во 2018 година кога Кочо Анѓушев веќе е вицепремиер. Се отвора сомнеж дека Кочо Анѓушев влијаел врз неговиот колега Садула Дураку да му се продолжи рокот за градба на хидроцентралите од 3 на дури 5 години, рок кој во договорот за концесија кој што е претходно склучен е утврден во член 68 и е само 3 години.

Оттука се продолжува на 5 години бидејќи не биле испочитувани сите делови од договорот.

Но, тоа ќе го истражат и расчистат антикорупционерите, а ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе ги доставиме деновиве сите документи кои ги поседуваме и кои ќе можат да им користат во истрагата на ДКСК.

Денеска ќе апелираме до антикорупциската комисија да отвори и разгледа уште еден случај за давање согласност по долготраен закуп на градежно земјиште на фирмата МХЕ Падалишка ДОО Скопје, хидроцентрала во која повторно се јавува како сопственик Кочо Анѓушев и неговиот брат Тодор Анѓушев.

Зоран Заев на 28 јануари оваа година, преку непосредна спогодба на седница на Влада им доделил околу 2000м2 на фирмата МХЕ Падалишка која е на неговиот вицепремиер Кочо Анѓушев.

Повторно имаме случај кој треба антикорупционерите сериозно да го разгледаат и да проверат дали можеби и во овој случај со хидроцентралата Падалишка се продолжувани рокови за градба со анекс договори.

Иако Кочо Анѓушев ја убедуваше јавноста дека нема повеќе да учествува со своите фирми секаде каде што ќе има контакт со државата, сега гледаме дека се случува спротивното.

Повторно сомнеж за злоупотреба на позицијата вицепремиер и повторно сомнеж за извршено влијание од страна на Кочо Анѓушев.

Сите документи кои ги поседуваме ќе бидат доставени до антикорупционерите, а понатака ќе и бидат и достапни на увид на јавноста.

Засега ги охрабруваме антикорупционерите да не подлегнуваат под притисоци и да ги расчистат сите сомнежите на каков начин е влијаено врз овие процеси за концесија.

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.