Недела, 12 Мај 2019    PDF Печати Е-пошта
Не чекај судбината да смени нешто, земи ја во свои раце и застани против системот кој те гази!
Не чекај судбината да смени нешто, земи ја во свои раце и застани против системот кој те гази!

Светислав Васев

Не чекај судбината да смени нешто, земи ја во свои раце и застани против системот кој те гази!

Од денеска Зоран Заев ја има апсолутната власт во државата. Сите полуги на власта се во рацете на еден човек. Нели како што рече Пендаровски: ,, Јас и Заев сме 102.5% исти” тоа ти доаѓа како – го гледаш Стево, ама всушност го слушаш Заев. Е таква ќе ни биде државата во наредниот период, од секој носител на јавна функција ќе излегува гласот и постапките на Заев. Се прашувате што значи тоа? Мислам секој од нас во глава веќе му се вртат неколку термини и ситуации: криминал, непотизам, корупција, партизација, политизација… и да не редам. Листата е долга, а богами и маките кои државата ќе ги има со вакво водство.

пишува: Светислав ВАСЕВ

Од сцена денес си замина Ѓорѓе Иванов, политичар кој невешто се справуваше со брановите на бурните времиња. Си замина, како и што дојде. Нечујно. Без да ја искористи својата законска можност и да направи вистинско помирување во општеството. Остави некој ситуации и проблеми да тлеат и да бидат камен на сопнување за партиите, општеството, државата. Му остави алатка во рацете на Заев за идни уценувања. И секако можеби највиновен за политичките турбуленции кои ќе дојдат како последица на тоа.

Но да се вратиме на фактичката состојба и ново наредените фигури. Таблата за шах е поставена. Од една страна е ВМРО-ДПМНЕ со народот, од друга страна Заев. И ситуацијата со апсолутната власт на среден рок не е толку лоша за ВМРО-ДПМНЕ, напротив одлична е. Како што кажав од секој носител на јавна функција говори Заев, па така и секоја фигура на таблата за шах од спротивната страна е Заев. Сублимирано – Секое испаѓање од игра на било која фигура ( читај неуспех на некој функционер ) е удар врз Заев и власта.

Доколку на ВМРО-ДПМНЕ му требаа години, Заев ја постигна апсолутната власт за многу кус период. Па така процесите веќе бргу се движат. Тоа значи дека од сега па до парламентарните избори, секоја една грешка е грешка на Заев, а такви ги имало, ги има и ќе ги има. Поразот на Заев е неминовен и тоа се виде и на претседателските избори, од кои јасно се гледа дека бројот на гласови на СДСМ е нешто околу 280 илјади. Со тенденција на намалување.

Каде е алтернативата? Таа е многу јасна. ВМРО-ДПМНЕ по претседателските избори покажа две работи, дека е стабилна партија која е има тенденција на раст и второ дека има изразито демократски капацитет што се огледа и со кандидирањето на Силјановска.

Вратите остануваат отворени, а верувајте сега како никогаш порано, луѓе ни приоѓаат и сакаат да се приклучат кон партијата, која веќе има нов лик. Јас само сведочам за десетина такви примери, каде граѓани кои важеле за поддржувачи на СДСМ се приклучуваат кон ВМРО-ДПМНЕ – партија која е единствен излез од криминогениот начин на работа во кој е западната државата.

Ниту еден народ не ги поднесувал авторитарните системи и појавите на апсолутна власт, па ниту македонскиот. ВМРО-ДПМНЕ е алтернативата на сета деструктивност. ВМРО-ДПМНЕ е алтернатива за криминалот, корупцијата, непотизмот… Само преку ВМРО-ДПМНЕ може да дојде до суштински промени во државата, во насока на владеење на правото и просперитет, кои сите ги посакуваме. Од тебе, ти кој ја читаш оваа колумна зависи дали ќе останеш на страна и ќе чекаш судбината да го направи своето или ќе ја земеш судбината во свои раце и ќе застанеш против системот кој знаеш дека те гази, демократијата го доживува својот процут во силно плурално општество. Избери мудро.

https://lider.com.mk/makedonija/ne-chekaj-sudbinata-da-smeni-neshto-zemi-ja-vo-svoi-race-i-zastani-protiv-sistemot-koj-te-gazi/

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.