Четврток, 16 Мај 2019    PDF Печати Е-пошта
Васил Стерјовски седна во собраниската сала на албанскиот Парламент

vasil sterjovskiВасил Стерјовски седна во собраниската сала на албанскиот Парламент.

Со давањето заклетва на денешната пленарна седница, Васил Стерјовски и официјално стана пратеник во албанскиот законодавен дом. Со тоа тој стана првиот пратеник во албанскиот Парламент во плурална Албанија, кој доаѓа од македонска партија, но и воопшто како пратеник кој јавно се декларира како Македонец.

Стерјовски е дел од независната пратеничка група, која е формирана од пратениците на Социјалистичкото движење за интеграција, со кое Македонската алијаса за европска интеграција(МАЕИ) настапуваше во изборната коалиција во јуни 2017 година. Подоцна на седницата се очекува тој да се обрати од собраниската говорница.

Васил Стерјовски е познат активист за правата на Македонците во Албанија. Запишан е на докторските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија, на Институтот за национална историја на студиската програма на хуманистички науки, подпрограма Историја на Македонија, со потесна област на истражување за Македонците во Албанија.

Тој е генерален секретар на единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ, а на последните локалани избори беше избран и за советник во Советот на опшина Пустец.

Стерјовски беше и прв директор Македонец предложен од МАЕИ во Албанија.Тој раководеше со Регионалното комунално претопријатие во Корча.

https://opserver.mk/balkan/vasil-sterjovski-sedna-vo-sobraniskata-sala-na-albanskiot-parlament/

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.