Четврток, 16 Мај 2019    PDF Печати Е-пошта
ОМД му честита на првиот македонски член на албанскиот парламент Васил Стерјовски

omd

ОМД му честита на првиот македонски член на албанскиот парламент Васил Стерјовски

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), организација за застапување на Mакедонците од целиот свет со седиште во Вашингтон, САД, од се срце му честита на Васил Стерјовски, првиот Македонец кој стана член на албанскиот парламент и кој ја претставува македонската малцинска заедница во Албанија.

По давањето на заклетвата, Стерјовски рече: "Имам историска одговорност да ви ги пренесам честитките од Македонците, кои се лојални граѓани на Република Албанија, бидејќи тоа е нивната родна земја ... Македонците во Албанија помогнаа да се ослободи Албанија од фашизмот (за време на Втората светска војна) и станаа важен дел од оваа земја. "

"Денес е историски ден за Албанија, за Македонија, за македонското малцинство во Албанија кое долго се бореше за да го постигне овој резултат, како и општо за човековите права", изјави претседателот на ОМД, Методија А. Колоски, кој има корени од Корча, Албанија на страната на татко му. "Васил е пример за млад лидер во Албанија со вистинска визија за потребите на македонското малцинство во таа земја, што работеше напорно за да изгради свест, мостови и дијалог. Горди сме на неговите и нашите колективни достигнувања како Македонци".

Стерјовски е еден од само неколкумината членови на националните парламенти во светот со македонско потекло. Албанија им се придружи на Франција, Германија и Романија, кои веќе имаат парламентарци со македонско потекло.

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.