|
||||
Победничко Ѓорче Петров е против актуелната влас |
Победничко Ѓорче Петров е против актуелната власт, затоа што Ѓорче Петров е против власта која носи измами, власта која уништува и остава пепел зад себе, власт кој го напаѓа достоинството и почита на луѓето, дели и создава конфликти. Власт која се повеќе не одалечува од Европската Унија. Со овие луѓе на власт нема ниту ЕУ ниту пак европски се однесуваат. 2 години се на власт, еден чекор не отидовме нанапред. Не е доволно да го слушаме премиерот удирајќи се во гради да вели дека е европеец, во исто време додека криминалот и корупцијата галопира. Наместо со зборови посветеноста кон Европа тоа се докажува со дела, а дела оваа власт нема. Наместо да не приближуваат, тие не одалечуваат. Затоа треба да се стави крај на ова уништување и пеплосување кое ни се случува во секое поле. А кој друг ако не ние, задно со народот мораме да ставиме крај на ова владеење кое ни ја одзема и уништува нашата Македонија. Заедно ќе победиме и заедно ќе се избориме за новото време кое ќе донесе подобар стандард во секое поле и решенија за многу проблеми кои денес го мачат секој еден човек. |