Петок, 17 Мај 2019    PDF Печати Е-пошта
СДСМ за гасификацијата загубија 2 години и направија непоправлива штета поради нивната неспособност
Мицкоски: СДСМ за гасификацијата загубија 2 години и направија непоправлива штета поради нивната неспособност

Мицкоски: СДСМ за гасификацијата загубија 2 години и направија непоправлива штета поради нивната неспособност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода,  каде оствари средба со граѓани, членови и симпатизери на партијата.

Мицкоски на средбата истакна дека власта на СДСМ нема успеси во ниту едно поле и владее со измами и злоупотреби. Тој им заблагодари на граѓаните на Општина Кисела Вода кои во огромно мнозинство излегоа  ја поддржаа ВМРО-ДПМНЕ и ја казнија власта за целата неспособност и криминал кој го спроведува.

-Владата нема успеси буквално во ниту едно поле. Го слушам премиерот и вицепремиерот се фалат со гасификацијата која во реалноста целосно ја заглавија. Готов проект кој требаше да продолжат да го реализираат, а го успорија, го заглавија, гасификацијата на домаќинствата уште долго ќе се чека, потенцираше  Мицкоски.

Тој нагласи дека власта лаже за гасификацијата исто како што излажаа во 2002 кога ветија по еден вработен од секое семејство. Кога ВМРО-ДПМНЕ ја напушти владата им остави готов проект за изградба на секундарната и терцијарната гасификација и имаше тендер за изградба, кој СДСМ го поништи со образложение дека нечинел, за дури по две години велат ќе се формира комисија за распишување на тендер за изградба на  секундарна и терцијарна гасификација или со други зборови не вратија во почетна фаза.

-Истото тоа што беше во завршна фаза пред две години сега е во почетна фаза. Не само што сме изгубиле две години, туку прашање е дали сега во овие околности ние навистина ние ќе најдеме некакво инвеститор кој што е подготвен да инвестира во еден вака сложен проект кој што ќе го менаџира ваква неспособна  посочи Мицкоски.

Тој потенцираше дека и да се случи чудо да и да почне оваа власт да работи како што досега не работеле, дури ни за 4 години нема да може да постои домаќинство кое ќе има можност да го користи гасот како енергенс.

-Од овој момент под услов денеска се смени се во капацитет на владата и да одлучат само на тоа да се посветат во следните 4 години нема да пости домаќинство кое што ќе има можност да го користи гасот, односно гасот да го користи како енергенс. Загубено време и непоправлива штета поради нивната неспособност, заврши Мицкоски.

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.