|
||||
Власта на чело со Зоран Заев нема морален компас, за овие луѓе моралот како вредноста категорија не постои |
Мицкоски од Аеродром: Функционерите на власта признаваат дека не успеале да ги исполнат очекувањата, но никој сам не си поднесува оставкаПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, каде оствари средба со граѓани, членови и симпатизери на партијата. Тој посочи дека и тука како и низ целата држава граѓаните се разочарани и се свесни дека власта не ги испорачува резултатите. Големите очекувања кои ги создава оваа власта за операцијата метла ќе донесе големи разочарувања, додаде Мицкоски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека изминативе денови послушниците на Заев повторуваат неколку празни флоскули. Нивните функционери велат ја научиле лекцијата од минатиот период на неработа, дека ја примиле пораката, дека ќе следуваат промени, но никој од нив не вели не успеав да испорачам резултати и да ги исполнам барањата на граѓаните, си поднесувам неотповиклива оставка бидејќи сум неуспешен. Сите закотвени во функциите, целосно свесни дека не успеале, и не ги бива чекаат деспотот да види што ќе одлучи, па ако може уште некое време да ги користат повластувањата од функцијата и да продолжат да не работат, вели Мицкоски. Мицкоски истакна дека власта на чело со Зоран Заев нема морален компас, за овие луѓе моралот како вредноста категорија не постои, туку единствено се заинтересирани за бенефициите кои ги носат функциите и позициите. Затоа ова мора да се смени, а вистинската метла е во рацете на граѓаните кои ќе расчистат со криминалната и неспособната власт на следните избори, порача тој. ВМРО-ДПМНЕ |