Сабота, 18 Мај 2019    PDF Печати Е-пошта
Бродот што тоне не е место за забава- масовна операција за напуштање на Заев
Бродот што тоне не е место за забава- масовна операција за напуштање на Заев

Бродот што тоне не е место за забава- масовна операција за напуштање на Заев

Миле Бошњаковски, Бранимир Јовановиќ и Асаф Адеми први се затрчаа да си грабнат гума за спасување. Срам-несрам подобро е да знаеш дека си обезбеден кога неизбежно доаѓа моментот во кој што ќе се случи општа борба за спасување.

Апсурдно е да се очекува дека оркестарот на Титаник ќе продолжи да свири до целосното потонување, а сите на бродот дека нема да ја видат сантата мраз во која што удриле и покрај тоа што водата веќе им е до колена.

Зоран Заев така силно го удри бродот во „Северно море” , што вода почна да навлегува од сите страни. Изборите покажаа дека повеќе од половина бродот е под вода. 43 кабини се целосно изгубени, а во останатите Заев нема контрола , бидејќи му бараат се и сешто само за да му статираат додека човекот си ја игра животната улога да глуми капетан.

Секое министерство, секоја афера беше уште една нова длабока пукнатина во бродот. Одговорност немаше од никого. Истите кои го оштетуваа бродот продолжија да прават нови пукнатини и да се забавуваат. Зошто и би правеле нешто друго кога нивнит капетан бара мито по едно евро , а на сопствениот брат му го издаде половина брод. Затоа Македонија потона на листите за корупција.

Капетанот Заев најави метла за да ги смири гостите. Мисли дека сите ќе веруваат дека со метлата ќе ја исчисти водата и ќе ги закрпи пукнатините додека шлапкаат во вода. Гостите може да се обидува да ги подлажува од каде е водата во која што газат, но екипажот знае за катастрофата што се случува.

Миле Бошњаковски го напушта Заев за да си обезбеди уште 5 години функција во кабинетот на Стево Пендаровски. Имено Бошњаковски од местото портпарол на владата заминува на местото генерален секретар на Претседателот.

Портпаролското место во владата кое беше причина за расправија помеѓу повеќе новинари сега е прво на удар. За време на именувањето на портпарол на владата пред две години дојде до жестока расправија помеѓу повеќе новинари блиски до СДСМ. Имено Пред Бошњаковски да биде именуван за портпарол, новинарката Јасмина Аневска од Телма која беше позната по црвениот телефон се до именувањето на Бошњаковски изјавуваше дека уште размислува да биде портпарол на владата. Но, извори од Влада пак, неофицијално брифираа дека воопшто не е точно дека таа била планирана за тоа место.

Бошњаковски во текот на својата кариера како портпарол на владата мораше да лаже и да измислува за да го оправда Заев за ветувањата дека нема да се менува уставот. Имено на пресконференција од владата на 7 февруари 2018 година изјави дека не се преговара за промена на Уставот, пресконференцијата беше веднаш по средбата на Заев и Ципрас во Давос, после се дозна дека во Давос биле договорени рамките на договорот, со што може да се заклучи дека Бошњаковски во тој момент не ја кажувал вистината.

Бранимир Јовановиќ, кој го напушти министерството за финансии, изврши покачување на даноците и избега. Штетата која е направена во министерството е огромна, а последиците кои ги плаќаат граѓаните од аматеризмот на СДСМ ќе бидат огромни.

– Браниславче, му го скршија носот на протести и као едно време ќе гинеше за народот, а чим си го смести газето у кожњак, одма крена акциза на нафта , па грлато го бранеше Тевдовски, дотаму да едно време тврдеа двајцава дека со тие пари ќе го чистеле воздухот, напиша новинарката Јорданка Ивановска – Јоци.

– Наместо тоа, ги крена сите цени во малопродажба, па сега ќе се повлекувал. Се крие во ров, мисли ќе го заборават сите. Маче, ја нема да те заборавам. Ааа, неее ! Продолжува таа во статусот.

Биди сигурен дека ќе те лепам со слика во наредни 5 години како темен пример на службениче кое се ушлепа за кикиритки, ни го смести за да наполниш Буџет со даноци за да кркате ајкули и волови на скара, а сеа – кидавела, му порача Јоци преку фејсбук статус на Богоевски.

Министерот за култура, Асаф Адеми, кој како и претходниот го искористи министерството само за испумпување на пари кон невладини организации формирани непосредно пред да се распише огласот. Додека манифестации како Скопскиот џез фестивал имаа кратење на средствата пари добиваа непознати организации од Тетово и Гостивар.

Курир веќе пишуваше дека Адеми заминува од култура, тогаш напишавме и за шпекулациите околу неговите можни наследници. Имено како најсериозни кандидати фигурираат Едмонд Адеми и Цветанка Ласкова, а од втор план повторно се јавува и Роберт Алаѓозовски, но не може да се исклучи и некое изненадување.

Делењето пари од годишните програми веќе две години по ред е пропратено со огромни скандали. Се делат пари на здруженија и организации формирани непосредно пред да бидат распишани конкурсите, без никакво искуство во област и традиција, за сметка на тоа без финансиска помош остануваа здруженија со долгогодишно, децениско творештво.

Еден по еден функционерите на Заев сами го напуштаат бродо кој тоне, наречен влада и со време си обезбедуваат сигурност на друга позиција.

Кој е следниот ?

https://kurir.mk/makedonija/vesti/brodot-shto-tone-ne-e-mesto-za-zabava-masovna-operacija-za-napushtanje-na-zaev/

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.