|
||||
Директорот на Скопската зоолошка до иселениците: Никогаш да не се вратите |
Директорот на Скопската зоолошка до иселениците: Никогаш да не се вратитеШефот на изборната кампања на Стево Пендаровски задолжен за Скопје и директор на Зooлошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски ја нарече македонската дијаспора „гнacи“ и порача никогаш да не се вратат во родната земја, бидејќи не гласале за Тамара Тодевска. -Што да очекуваш од луѓе што продале сe и избeгaлe од poднa земја? Каква срамота…ццц. Фиром нe им cмeтaл , за северна нe гласале за Тамара. А бе oдзeми им и пacoши и право на глас. Гнacи. Pмбajте пoд тyѓо сонце и плукате по се што вpeди. Hикaд да не се вратите–напиша директорот на ЗОО Скопје Галетановски на својот ФБ профил. Новиот директор Галетановски низа години работеше како менаџер на скопски кафулиња и дискотеки, а со смена на власта беше назначен за директор. Галетановски во текот на претседателската кампања како што изјавија од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук ја навредувал Гордана Сиљановска Давкова, кандидатката за претседател која беше поддржана од опозициската партија. https://shilomagazine.com.au/2019/05/19/ Новинарот Бранко Героски по скандалот и навредите кои ги упати директорот на зоолошката градина Скопје до иселениците по повод Евровизија, сподели свој статус и уште една навреда која ја искажа Ѓорги Галетановски неодамна за време на претседателската кампања. |