Понеделник, 20 Мај 2019    PDF Печати Е-пошта
Македонија е ранета, го имаме ли лекот да ја излечиме!?

SvetoПишува: Светислав ВАСЕВ

Во саботата вечерта Македонија по кој знае кој пат покажа дека има потенцијал да ниже успеси насекаде низ светот, на секое поле. Тамара не израдува сите, но политиката не подели!

Следејќи ги социјалните мрежи се забележуваа три тренда, првиот е дека мноштвото граѓани беа среќни, вториот дека одредени луѓе блиски до СДСМ индивидуалниот успех на Тамара и нејзиниот тим, сакаа да и го препишаат на северна, па не пропуштаа прилика во статус да го пишаат новото име на државата, и третиот кој го водеше една мала група на луѓе кои се гласни на социјалните мрежи, а се обиде да ја залепи радоста на граѓаните дека не е радост за Македонија, туку за северна, теза која го злоупотреби патриотското чувство на стотина други граѓани.

Но да почнеме од почеток. Каде е проблемот? Проблемот е што една мала група на луѓе – хушкачи, сака да се инфилтрира и да контаминира граѓани кои не излегоа и апстинираа на референдумот, сакаaт да оцрнат една чиста идеја со патриотска мисла, и да налепи на нив омраза. Омразата ја генерират со цел подоцна да се нападне ВМРО-ДПМНЕ и да се дискредитира секоја идеја против власта, нешто како приказната – Власта нечини, ама и опозицијата не ја бива…

Таа теза веќе ви е јасно кому му оди во прилог. Не треба многу мислење, веќе го знаете одговорот – на СДСМ. И така власта играјќи си со патриотското во народот се обидува да внесе омраза во опозициските редови.

Во саботата се виде како функционира таа хушкачка група, која по објавата на Мицкоски на фејсбук, како честитка за успехот на Тамара му се нафрли и ликуваше. Сосема непотребно, и за среќа многу провидно. Мицкоски го честита успехот ма Тамара, но тоа не значи дека го оправда Заев! Тоа секому му е јасно, само на хушкачите не.

Но да се вратиме на суштината. Реалност е дека променетото име е правен факт и како такво низ институциите мора да се почитува. Тоа не значи дека на ВМРО-ДПМНЕ му е мила истата ситуација. Напротив, ВМРО-ДПМНЕ направи се за да не дојде до тоа. Но сега кога реалноста е таа, единствено што може да направиме е да продолжиме да се бориме за државата, да се промени власта, да се насочиме кон економија и подобрување на стандардот на граѓаните и зголемување на нивото на среќа во општеството. Така интегрирани во НАТО и ЕУ ние како држава на силни граѓани, можеме да сметаме дека еден ден ќе ја смениме оваа горчина за нас.

А верувајте нема човек на кого не му е горко чувството. Но тоа не значи дека треба да мразиме се што се бори и остварува успех, само затоа што на истото пишува северна, тие немаат избор, утре и ракометарите ќе настапуваат под тоа име, и фудбалерите и сите репрезентативци. Плати, пензии и социјална помош се прима од државата под тоа име, а истата најверојатно ја примаат и хушкачите за кои пишувам погоре.

Тогаш ќе речете да се помириме. Јас ви велам не. Човекот не е поразен се додека се бори. А ние ќе се бориме. ВМРО-ДПМНЕ е мотивирано и екипирано, продолжуваме појако од кога било порано, ќе ја смениме оваа власт, ќе работиме за подобра економија и сигурна иднина за младите тука, ќе се интегрираме во НАТО и ЕУ и ќе се бориме да ја вратиме гордоста на македонецот. Ништо во животот не е дадено еднаш за секогаш. Како велеле старите, се тече, се се менува. Затоа да не очајуваме, без страв, татковината е ранета, но ние го имаме лекот да ја излечиме.

Да не седиме дома и да велиме колку ни е лошо, туку да станеме и да се избориме за промени. Здружени и со чиста мисла тоа го можеме. Само така ќе има подобра економија, правда за неправедно осудените, среќа за земјоделецот, чаре за болниот, квалитетно образование за младите. И на крај честито Тамара!

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.