Понеделник, 02 Март 2020    Печати
Бројчаникот на Триумфална да ги броеше лагите коишто секој ден излегуваат од устата на Заев, досега ќе прегореше

 

Во безидејната СДСМ се е во знак на милиони евра рекет и милиони изречени лаги.

Лага е дека Заев ме може да се сети дали го потпишал записникот за пријавата на милионскиот рекет. Заев не го потпишал затоа што Заев е сценаристот и организаторот на институционалниот рекет. Заев е главата на октоподот, а Катица и Боки се обични извршители.

Заев и ваквиот СДСМ се срам за Македонија. Срам кој тежи милиони евра криминал, рекетирања, срам од кажаните лаги и срам за ветувањата коишто не ги исполнија.

Скапо платените функционери од власта на Заев не само што не можат да се сетат на три поголеми инвестиции кои влегле во Македонија, туку истите за нив се деловна тајна.

СДСМ повторно лаже и го потценува народот ветувајќи 100.000 вработувања, кога инвестиции нема, затоа што инвеститорите бегаат од рекет и катастрофалната даночна политика. Напредок со Заев на власт не може да има затоа што администрацијата е преполна со кадри по штабските списоци на СДСМ, а младите масовно си заминуваат од Македонија.

Државата умира со СДСМ на власт. Хибридниот режим, нема ниту една мерка или проект за кој не излажа.

Ниеден граѓанин не сака да живее во држава каде што се лаже за изградба на канализација, изградба на патишта и болници, тргување со достоинството и државниот интерес.

Правдоубиецот треба да се соочи со реалноста којашто на 12 април ќе му експлодира пред лицето. Управителот на судството и обвинителството и неговата банда, за мафијашките зделки и трговијата со правдата и правото, ќе понесе одговорност.

На 12-ти април следува крај на мафијата на Зоран Заев и доаѓа обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ