Вторник, 03 Март 2020    Печати
На лагите на СДСМ и Заев им нема крај

1z1

Без никаков срам криминалната СДСМ предводена од Заев се фалат дека градат фер и демократско општество за граѓаните.

Но, граѓаните добро знаат дека сето ова сега СДСМ го прави за да манипулира и да добие некој глас повеќе за престојните избори.

Најавуваа нови социјални станови, а во овој мандат не само што не успееја да изградат половина од најавени, туку и не беа способни да ги завршат и оние кои беа започнати од претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Лага е дека СДСМ ја зголемиле социјалната помош, кога граѓаните добро знаат дека не станува збор за никакво зголемување, туку тоа претставува збир на сите права од социјалната заштита.

Уште и без никаков срам се фалат дека ќе градат и домови за стари лица. Откако СДСМ се на власт целосна заборавија на оваа категорија на граѓани и не само ги заборавија туку и на пензионерите  за цела  2019 година им одзема 6 900 денари или по 575 денари месечно.

Ова е вистинската слика за тоа што СДСМ и Заев направија во овој нивен мандат.

Ова е крајот на СДСМ и Заев.

Доаѓаат подобри времиња. Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе обнова на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ