Вторник, 19 Мај 2020    Печати
Заев продолжува во стилот ќе јадеме живи луѓе

Заев го носи народот на гилотиња со мисла дека ќе ја спаси фотелјата

Реакција на интервјуто на Зоран Заев дадено за Канал 5

Заев продолжува во стилот ќе јадеме живи луѓе. Овој пат спремен за власт да го носи народот на гилотиња за гола власт и избори час поскоро мислејќи дека ќе има ниска излезност и помал пораз.

Заев е изолиран и осамен во намерата за брзи избори.

Франција и другите развиени демократии, системи кон кои се стремиме ќе одат на избори само со консензус на сите политички чинители и со одобрување на здравствените власти, а Заев сака во време кога смртноста од корона расте да оди на избори.

За Заев не се важни граѓаните, туку фотелјата. Да му беа важни граѓаните немаше во ек на корона да штанца лиценци за марихуана на своите блиски луѓе од струмичко.

Да му беа на Заев важни државата и граѓаните немаше да дели тендери додека лекарите немаат заштитна опрема и си ја купуваат сами.

СДСМ нема план. СДСМ е неспособна и криминогена.

ВМРО-ДПМНЕ е различна од СДСМ.Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

ВМРО-ДПМНЕ