Четврток, 23 Јули 2020    PDF Печати Е-пошта
И не треба никој да се труди да пишува имиња и презимиња околу печалбарите, сами ќе се јават сите

2a

Коневски тежи минус 4 илјади гласа, добро е што не работеше оваа кампања, па ВМРО-ДПМНЕ повторно си го врати Аеродром

Добро е што Ивица Коневски излезе со став, инаку сликата на печалбар од ВМРО-ДПМНЕ не би била потполна.

Очигледно адвокатурата му иде толку лошо, што сега има желба да менува професија и да се враќа во политика, каде што пак последните години од кариера му идеше уште полошо од адвокатурата сега.

Работава испаѓа - Не умри магаре до зелена трева.
И не треба никој да се труди да пишува имиња и презимиња околу печалбарите, сами ќе се јават сите.

Е сега малку околу суштината, овие луѓе кои бараат смена на Претседателот Христијан Мицкоски се всушност неславниот багаж кој ВМРО-ДПМНЕ го влечеше како тег во пропаст, а потајно се молеа и работеа да победи СДСМ и на референдумот и на изборите.
Сметам јас, а и целото членство, дека е време тој багаж да се истовари, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе од тие ликови кои кога велат промени, мислат на тоа - тие да ја управуваат партијата која и тогаш и сега ја гледаат како ДООЕЛ за пари и бизнис. А, слушам веќе и функции си поделиле, па Ивица ќе бил секретар

Добра е таа ментална гимнастика на илузијата за која треба да знаат дека домашниот есап и тој на пазар никогаш не излегува.
Знаете зошто? Затоа што ВМРО е на народот, на членовите кои се со нејзе и при сите подеми и при сите падови.

А, сите оние кои ги полнат провладините медиуми со усти полни со омраза кон ВМРО, а во исто време повикуваат на единство во време кога ВМРО-ДПМНЕ се труди да состави Влада, всушност имаат за задача да му помогнат на Заев.

Па, нели е чудно што Ивица Коневски, а и сите други зад кои се провлекуваат афери, скандали и сомнежи немаат проблем со законот и ниту една пријава?

Нели е чудно што човекот што го викаат “комшијата” во Аеродром го нема 3 години да каже збор против Зоран Заев и Златко Марин, а денес тера филозофски расправи за ВМРО-ДПМНЕ?
Тежината на Ивица Коневски се виде на изборите во 2017, односно “тежи” минус 4.000 гласови. Среќа не работеше во кампања сега, па работите дојдоа на свое место и општина Аеродром со сите населби повторно е победничка и бастион.

За на крај, сите овие луѓе кои се дел од багажот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ќе го остави зад себе.

Од тој момент потоа, тој му припаѓа на Заев.

ПС Заев, со среќа да си го носиш багажот.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.