Вторник, 29 Септември 2020    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Бараме четири викенди без ДДВ, 5% поголеми примања за пензионерите кои им ги укинаа

1Mickoski 29.093Мицкоски: Бараме четири викенди без ДДВ, 5% поголеми примања за пензионерите кои им ги укинаа, за стечајците и невработените поголема помош, за студентите бараме ослободување од партиципацијата

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ рече дека за да се надмине ситуација со корона кризата ВМРО-ДПМНЕ предложи мерка до владата да се ослободат студентите од плаќање на партиципација и со тоа ќе помогне да се растерети семејниот буџет.

„Еве ние дадовме една фантастична мерка која треба да се прифати од страна на владата е наместо со картички, да се даваат на студентите да го покрие школувањето Владата односно партиципацијата на универзитет. Тоа може да го направи владата, може да ги ослободи родителите од плаќање надомест во градинките, топол оброк во училиштата ако навистина се грижи владата да го растерети семејниот буџет, изјави Мицкоски во своето гостување“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека опозицијата нема да ја поддржи изборната измама која што ја прави Владата на СДСМ на чело со Зоран Заев. Тој елаборираше дека голем дел од ветувањата дадени пред избори на СДСМ се испоставија како лага, а како пример ги посочи ветените викенди без ДДВ и најавеното покачување на пензијата за 5 проценти.
Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе предложи законски решенија кои што ќе бидат во корист на граѓаните и навистина ќе им помогнат да ја пребродат економската криза во периодот што следува.

„Тие законски решенија не се изработени и допрва треба да се изработуваат. Се уште не се влезени во Собраниска процедура. Еве јас ќе ви кажам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи законско решение каде што ќе имаме викенд без ДДВ помеѓу 10 и 12 октомври бидејќи на граѓаните им беше ветено дека ќе имаат најмалку 4 такви викенди во месец септември. Месец септември завршува, немаме повеќе викенда во месец септември, но тоа беше предизборно ветување. Добро во ред не ја говореле вистината, избори биле тогаш се обиделе на некој начин да ја изиграат волјата на граѓаните. Но еве сега завршија. Ние ќе предложиме тоа што е ветено да се исполни, односно бидејќи треба да претстојат измени во Законот за ДДВ наместо еден викенд да бидат 4 викенда, односно тоа што им беше ветено на граѓаните. Еве ние нема да поддржиме картички по 6 илјади денари за пензионерите, но затоа ќе побараме законски измени со кои што ќе бараме они ветени 5 проценти ветени пред изборите покачување на пензиите, за сите пензионери, не само за одредена таргет група. Бидејќи овие 6 илјади денари за една година се по 500 денари за определена група на пензионери. Еве ние ќе го побараме тоа што беше ветено пред изборите, а тоа беше 5 проценти покачување на пензијата. Ќе побараме за стечајците за невработените поголема процентуална помош од државата наместо ова кое што денеска се обидува преку милост да го даде владата и помпезно го најавува иако не се изготвени законските решенија“, вели Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.