Петок, 30 Октомври 2020    PDF Печати Е-пошта
Падот на западнохристијанската цивилизација

Инквизиција, од латинскиот збор Inaqusittio, што значи – иследување, претставувала група на установи на Римокатоличката црква, кои имале за задача да иследуваат, судат и казнуваат луѓе кои што црквата ги сметала за кривоверци. Почетокот на работата на инквизицијата се поврзува со Григориј IХ (1227-1241), кој со папски указ ја основал на 29 август 1289 година. Дејствувала во средниот век во сите земји на Западна Европа, а иследувањето на „кривоверците“, односно осомничените го помагала и државната власт.

Папата Инокентиј IV на 15 мај 1252 година издал папска була под наслов „Ad exstirpanda“, која експлицитно дозволувала мачење при изнудување признание од наводните кривоверци во текот на инквизицијата и експлицитно простувала пракса на убивање на повредени кривоверци, со палење на клада. Булата отстапувала дел од конфискуваниот имот од осудениците на државата.

Многу напредни умови, како Јан Хус, или Џордано Бруно, биле жртви на инквизицијата, која можете да замислите била укината дури во текот на XIX век. Од осумдесет папи од 13 век во континуитет, ниту еден не покажал несогласување со теологијата и со апаратот на инквизицијата. Напротив, секој од нив додавал свои сопствени свирепи додатоци кон активностите на оваа свирепа машинерија. Дури, во 1429 година папата Мартин му заповедал на полскиот цар да ги истреби Хуситите (следбеници на маченикот Јан Хус).

Ова е дел од тоа писмо – „Знај дека интересите на светата столица и твојата круна се твоја должност да ги истребиш Хуситите… Додека уште има време сврти ги своите сили против Бохемија; пали, масакрирај, насекаде создавај пустина…“.

Инквизицијата, како најсвирепа машинерија што светот некогаш ја запознал, ја воделе Језуитите, ученици на Тома Аквински, официјален црковен филозоф и учител, кој и самиот барал исфрлање на „луѓето-загадувачи“ од општеството, а себе си’ се нарекувале Домини кани, што значи „загари Господови“. Тие, по нечија дојава, по допрен глас или по обичен сомнеж, влегувале во домовите на луѓето и ги казнувале, измачувале и во страшни маки, убивале.

Овој период, кој е исклучително долг, се смета за најцрниот и најсуровиот период во постоењето на западнохристијанската цивилизација. Не постојат точни податоци, но во најстрашни маки, се ликвидирани стотици милиони луѓе, па со право може да се нарече – најголемиот геноцид во историјата на човештвото. Толку за западнохристијанските вредности на државите од ЕУ кон која, нели, се стремиме.

Денес, за жал, државите од Западна Европа, или западнохристијанските држави, по втор пат се соочуваат со својата голгота. Имено, нема никакво сомневање дека во промената на историските епохи, а под превезот на фабрикувани катастрофи – економски, еколошки, здравствени, но и бесконечните војни, пред очите на сите нас се раздробува „гордата“ западна цивилизација и се претвора во еден систем на меѓусебно спротивставени парадржавни структури и нови „царства“ во обид на изградба. Сведоци сме на создавање општества и економии втемелени на фабрикувани непрекинати шокови и бесконечни катастрофи на неолибералната економска и социјална агенда, која според својата природа наметнува вонредни мерки и ограничување на слободата на граѓаните и на крајот она што е конечна цел – нивно претворање во еден вид модерни кметови (закрепостени земјоделци кои биле еден вид сопственост на сопственикот на земјата што ја обработувале), кои треба да се помират со безобразниот грабеж на националните богатства. Така, полека но сигурно таканаречената „западна демократија“ се претвора во своја сопствена карикатура. Токму затоа, мораме да сфатиме дека креаторите и политичките извршители на неолибералната идеологија, како главен придвижувач на таквите случувања, никогаш не затворија ниту една криза, нити катастрофа што ја предизвикале, а уште помалку да ги отстранат нивните последици. Нормално, бидејќи ним кризите и катастрофите им се потребни за одржување на континуирана вонредна состојба како параван за грабеж на сопствените народи.

Па така, пандемијата со коронавирусот е уште една во низата катастрофи на неолибералната идеологија која најверојатно никогаш нема да биде елиминирана.
Оваа пандемија ќе биде искористена за од темел да ги промени социјалните односи во насока на нивно ограничување и дополнително расцепување на и онака поделеното општество на изолирани помали групи и поединци. Со тоа, секој отпор на какво било политичко или економско насилство треба да биде сосечен во корен, а од демократијата, доколку успее таквата неолиберална агенда, нема да остане ниту прашинка. Тоа веќе се чувствува, бидејќи под закана од коронакризата веќе се забрануваат масовни собирања по кој било основ.

Во секој случај, центрите на економска и финансиска моќ во најразвиените држави на Западот го постигнаа она што го планираа – непрекинат низ од кризи, катастрофи и општествени судири, што им овозможува употреба на сила и им го олеснува владеењето со цел да се ограбат сопствените граѓани кои ќе станат контролирани, зомбирани суштества полни со страв и неизвесност и евтина работна сила на самиот раб на преживување, за што веќе сведочи се’ поголемата задолженост и сиромаштија на граѓаните и изумирањето на средната класа.

Така, на крајот, господарите на неолибералната економија и глобализацијата, од своите граѓани направија послушни поданици со истата методологија со која тоа го сторија со остатокот од светот. Формулата на создавање кризи и катастрофи ширум светот и нивно „решавање“ со насилни интервенции, сега успешно го применија и на домашен терен, во сопствените „демократии“. Со тоа, она што низ вековите претставуваше прелевање на богатството од целиот свет во државите на западна Европа и САД, сега стана непречен трансфер на богатството „од долу кон горе“ во сопствените држави, односно од мнозинството сиромашни кон промилот богати поединци.

Го пишувам сето ова за да разбереме дека оваа приказна и овој начин на владеење, преку инсталирање на неолиберална, анационална Влада во државава ни го трансплантираа и кај нас, во Република Македонија. И овде, непречено се одвива брз трансфер на националното богатство во рацете на еден промил луѓе од или блиски на власта, а забрзано се осиромашуваат сите граѓани без разлика на нивната национална припадност. Притоа, Македонија се држи во постојана кризна состојба и се атомизира народното ткиво.

За среќа, народите во западноевропските држави стануваат се’ посвесни за падот на сопствената цивилизација и веќе забрзано се подготвуваат за „сенародни револуции“, кои ниту инквизициската политика, ниту инквизициските медиуми, ниту инквизициските методи на владеење не ќе можат да ги спречат. Македонскиот народ, но и сите граѓани во државава, мораат со отворени очи да ги следат овие случувања и да бидат подготвени да влезат во новите текови – целосен отпор до целосно уништување на неолибералната агенда.

Да не дозволиме да бидеме современи кметови или закрепостени селани во сопственост на сопствениците на украденото национално богатство и да фатиме чекор со „сенародните револуции“ на народите од ЕУ, кон која, нели, се стремиме.

Зашто, како што рекол Јане Сандански – „Да живееш значи да се бориш: робот за слобода, а слободниот – за совршенство…“.

Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПрес

 

На прво место

News image

Ламбе Арнаудов избран за член на Претседателство на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ

Ламбе Арнаудов избран за член на Претседателство на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ

Историја

News image

Извештај за бомбашките напади на Солун во американскиот весник „The St. Louis Republic“ од 9 август 1903 година

„Сцена на улица во Солун веднаш по поставувањето динамит на Отоманската банка. Овој криминал, како п...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФИЈАТА „СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ“ ОД ТОРОНТО

Во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Ско...

Култура и туризам

News image

ОД ИЗРАЗОТ МЕСИЈА – ПОМАЗАНИК – ДО ИЗРАЗОТ МУЗИКА (25)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, з...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (48)

„ЕВГЕНИКА“ ВО СПАРТА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.