|
||||
Александар ДОНСКИ: БУГАРСКИТЕ ФАЛСИФИКАТИ НА ДОКУМЕНТИ ПОВРЗАНИ СО МАКЕДОНСКАТА САМОБИТНОСТ (1 ДЕЛ) |
Александар ДОНСКИ Некои пробугарски субјекти упорно тврдат дека некои дела македонската историографија наводно биле полни со фалсификати. Но,досега тие немаат понудено конкретни докази за ваквите тврдења. Од друга страна, постојат голем број примери за фалсификување на разни сегменти од македонската етно-културна самобитност од страна на бугарските историчари и публицисти, но и од други субјекти. За ова исто така малку е пишувано во нашата јавност. Овие фалсификати опфаќаат широк дијапазон: од менување на содржината на оригиналните документи, па се до криење и уништување на доказите за македонската национална самобитност низ историјата. Да го илустрираме ова со неколку примери. Најпрвин да го земеме примерот со Ѓорче Петров. Нему денешните пропагандисти му импутираат дека објавил книга за „бугарштината во Македонија“, под наслов „Материали по изучванието на Македониа“ (1896),па заклучуваат дека тој отсекогаш се декларирал како „Бугарин“. Од оваа книга се користат и цитати, како оној за народносниот карактер на населението во Македонија, каде Ѓорче Петров наводно напишал: „Македонското население се состои од:Бугари,Турци,Арнаути, Власи, Евреи и Цигани... Бугарите ја сочинуваат масата на населението во областа што ја опишувам. И покрај различните податоци на официјалната статистика, сепак тие фигурираат како повеќе од половината на целото население...“ Овој извадок исто така е цитиран од фамозниот „ЗборникоддокументииматериалиМакедонија“ (БАН, Софија, 1978). Меѓутоа, овие пропагандисти не знаат (или не сакаат да знаат) за една работа во врска со оваа книга. Постои сведоштво од Ангел Динев дека Ѓорче Петров во печатницата однел ракопис со сосема поинаква (македонска) содржина и наслов. Меѓутоа, овој ракопис исчезнал, а наместо него од печат излегла книгата за „бугарштинатавоМакедонија“ (!?). Исто така пропагандистите не сакаат да знаат дека овој истакнат македонски револуционер бил близок сомисленик на скопскиот митрополит Теодосија, кој не само што се залагал за отцепување на македонските епархии од Бугарската егзархија, туку дури самоволно ги избришал бугарските детерминирања на својот официјален црковен печат и како таков го користел извесно време. По предлог на митрополитот Теодосија, Ѓорче Петров почнал да собира материјали за географската и етнографска македонска национална историја. Резултат на оваа работа бил големиот ракопис што Ѓорче, како што се вели, го напишал на македонски јазик, во кој имало и бројни македонски народни умотворби. Но кога ракописот требало да влезе в печат ракописот бил откупен за 30.000 лева, по што истиот исчезнал, а наместо него, подоцна од печат излегла вештачки бугаризираната варијанта на овој текст. Вакви работи бугарските пропагандисти правеле и многу подоцна, па дури ги правеа и до скоро. Во еден разговор со писателот (инаку деклариран етнички Македонец) Славе Македонски од Бугарија, тој ми потврди дека бугарските шовинисти и со неговите романи го правеле истото (барем во периодот на тодорживковистичкото едноумие). Така, на пример, за да го избегне бугарското име, во ракописите на неколку свои романи, не смеејќи да ги користи термините поврзани со Македонија, овој писателсекаде ги употребувал компромисните и маскирни термини: христијани, христијански и други. Меѓутоа, по излегувањето на книгите од печат, термините христијани, христијански и сличните на нив - на волшебенначин - секаде биле заменети со термините: Бугари, бугарски и сл. Се разбира дека за некакви протести не можело да стане ни збор, а и ако ги имало - останувале без резултат. И што ќе се случи во иднина? Големобугарските пропагандисти ќе се скинат докажувајќидека Славе Македонски бил Бугарин, штом, нели, во своите книги самиотпишувал заБугарите и штом самиоткористелбугарски детерминирања. Писателот Македонски ова го прокоментира на еден трагикомичен начин, изјавувајќи: Јас сум жив Македонец и секаде така се декларирам, а тие, пред мои очи, ме прават Бугарин. Што ли ќе се случи кога ќе умрам - можам само да си претпоставувам. За сличен настан своевремено сведочел и познатиот македонски лингвист Ѓорѓи Киселинов. Имено, за време на српската окупација тој објавувал статии со македонска национална содржина во познатото списание Луч. Но, за време на бугарската окупација тој наеднаш почнал во своите статии да го велича бугаризмот. Сепак, по ослободувањето, Киселинов (иако бил во немилост на новата македонска власт), јавно се декларирал како Македонец и целосно се ставил на услуга на прогресот на македонската нација. За своите пробугарски статии Киселинов признал дека од бугарските окупатори му биле порачувани да ги напише, а честопати се случувало и неговите текстови отпосле да бидат фалсификувани од редакциите кадешто објавувал, т.е. во нив дополнително биле уфрлувани бугарските детерминирања за нашиот народ (д-р Стојан Ристески: Табу-темата: Киселинов-Конески, Охрид, 1994, стр. 16). Дали и другите македонски творци што судбината ги остави да живеат во Бугарија биле принудувани да пишуват за бугарштината? Да се надеваме дека иднината ќе даде одговор на овие прашања. За жал, резултат на ваквите децениски фалсификати се и нашите одродени Македонци, кои лесноумно ги прифатија ваквите дела како доказ дека и навистина повеќето наши предци пишувале за бугарскиот карактер на Македонците. Но кога вистината барем делумно ќе излезе на виделина (што веќе почнува да се случува), поразот на големобугарската пропаганда ќе биде уште поубедлив. Уште подрзок фалсификат е направен врз една песна од големиот поет и револуционер Никола Јонков Вапцаров. Се работи за песната Доклад. Поетот во оваа песна, пеејќи за Македонија, ги напишал зборовите: “за Неа”! Меѓутоа, во рускиот превод на оваа песна (цитирана во едно универзитетско московско издание, како што пишува д-р Б. Ристовски, со знаење и согласност на редакторот Бугаринот Д. Ф Марков), наместо “за Неа” биле подметнати зборовите: “за Бугарија наша” (!?). Ваквиот бесрамен фалсификат уште долго време на руските читатели ќе им зборува за “бугарската национална свест” на Вапцаров. Врз основа на ваквиот бугарски фалсификат можно е некои руски аналитичари, историчари или есеисти подоцна да напишат статии за “бугарското национално чувство” на Вапцаров. И не само тоа. Подоцна нашите бугаромани би можеле да ги земат токму таквите руски трудови како доказ дека и во други земји се тврди оти Македонците се (или порано биле) Бугари. Дрзок фалсификат е направен и во бугарскиот превод на Спомените на францускиот барон Франсоа де Тот. Овој автор сосема јасно нашиот народ го именува како Македонци. Во дел од своите Спомени Франсоа де Тот пишува: Дваесет и двајца Македонци, секој со пушка на рамо... во една кафеана пееја песни за победите на Александар. (Мемориес ду барон де Тотт сур лесТурцс ет лес Тартарес, Амстердам, 1784, цит. според Ѓорѓи Радуле,). Меѓутоа, бугарскиот историчар Арнаудов, во својата книга: Верковиќ и Веда Словена (БАН, Софија, 1968 г., стр. 12), коментирајќи го овој опис на баронот Франсоа де Тот, пишува: Барон де Тот многу правилно бележи дека бугарските работници за време на одмор ги воспејувале победите на Александар Велики. (Подвлекувањето е мое, з.м.). Значи, терминот Македонци овде дрско е заменет со бугарски работници. Навистина пример за бесрамен фалсификат! Но, трагичното е во тоа што македонските бугаромни, кои ја учат нашата историја токму од вакви книги, подоцна тврдат дека наводно никаде во историјата не се спомнувале Македонците како засебен народ. Следи еден смешен пример за бугарските фалсификати поврзани со македонската историја. Бугарскиот историчар Иван Коларов, во предговорот на својата книга “Македонијаибугарскотоплеме” (Софија, 1932),запишал дека Александар Македонски бил - Бугарин!? Овде тој запишал дека ги проучува (цитат)...”борбите, големината, падотиподемотнабугарскотоплемеодАлександарВеликидоденес”. (цит. според Ѓорѓи Поп-Атанасов). Да го спомнеме и свети Климент Охридски. Познато е дека во самите автентични извори овој светец, самиот себе се определил како епископсловенски. Но, во книгата: Свети Константин-Кирил Философ (Софија, 1969, стр. 141) пишува: “Климент Охридски - прв епископ на бугарски јазик.” Секако дека ова не е единствен пример во кој се фалсификува потеклото на свети Климент Охридски. Да посочиме и еден понов пример. Во своето интервју за светскиот македонски неделник Македонско сонце (08.05.1998), познатиот борец за човекови права на Македонците од егејскиот дел на Македонија, архимандритот Никодимос Царкњас, реагирајќи на една анти-македонска изјава на грчкиот политичар Пангалос, помеѓу другото вели дека по улиците на Солун: ...Господинот Пангалос ќе се увери дека таму луѓето не зборуваат грчки, туку македонски. Дел од интервјуто на Царкњас е пренесено во бугарскиот весник БНС Македонија (03.06.1998), но таму зборот македонски безобѕирно е заменет со зборот славјански(!?). Значи, на бугарските читатели дрско им е подметната фалсификувана изјава од архимандритот Царкњас со цел тие и натаму да бидат држани во заблуда во однос на македонската историја и реалност. Дрски фалсификати се прават и со македонскиот фолклор, дури и во најново време. Во текстовите на македонските песни намерно се уфрлуваат бугарски зборови или бугарски детерминирања, а интервенции се прават и во мелодиите. Така, на пример, на фолклорниот собор, под наслов Пирин пее, одржан во 1997 година, стихот од една народна песна посветена за Крали Марко, наместо да биде испеан во оригинал: ...Крали Марко од Прилепа града, е испеан како: ...Крали Марко од Б’лгарија (!?). Измена е направена и во познатите стихови од македонската песна Каљо, Калино девојче, која не така одамна во Бугарија била интерпретирана со изменет текст. Така, сега наместо стиховите: ...Арнаути баш ракија, а ергени рујно вино, сега се пеело: ...Арнаути баш ракија, а Б’лгари рујно вино... Дрзок фалсификат врз содржината на македонските народни песни е направен и во книгата “Песни от Македониа”(објавена во Бугарија, 1998 година). Македонскиот публицист од Бугарија С. Ратевски, во македонскиот весник “Народна волја” (јануари, 1999), ги демаскира фалсификатите направени во оваа книга. Така, на пример, стиховите од текстот на убавата македонска народна песна “Марије млада невесто” овде биле заменети со: “Марије бела Бугарко...”. На крајот од истата песна, зборовите “...нашата вера рисјанска”, биле заменети со зборовите: “нашата вера б'лгарска”. Ратевски констатира дека бесрамните фалсификатори направиле еден крупен превид. Прво го напишале терминот Бугарко (напишан со “у”), а на крајот го напишале терминот блгарска (напишан сотемниот вокал). Ратевски ги прашува фалсификаторите:каква е таа вера “б'лгарска? Да не е тоа некоја нова секта? Да го спомнеме и траги-комичниот пример со фалсификатот на македонската патриотска песна “Една мисла имаме” што ја исполнува познатиот пеач на народни песни Војо Стојановски. Овој фалсификат е направен во 1999 година, при што сите македонски детерминирања во стиховите на песната биле заменети со бугарски. Така, на пример, стиховите од песната, кои гласат: “Каде и да одиш/ Каде и да шеташ/Не се срами, не се плаши/ Македонец да си...”,сега биле пеени: “Каде и да одиш/ Каде и да шеташ/Не се срами, не се плаши/ Б'лгарин да си...” И понатаму, наместо: “Една мисла имаме/ Еден живот живееме/ Македонија цела да е/ Секој да ја знае...”, сега било пеено:”...Б'лгарија цела да е/ Секој да ја знае”.Наместо оригиналните стихови: “Ние не сме Грци, Бугари ни Срби/ Чеда сме на Александар, гордост македонска...”,сега било пеено: “Ние не сме Грци, Византијци, Срби/ Чеда сме на Аспаруха, гордост најб'лгарска...”(Значи ние сме чеда на човек кој припаѓал на жолтата раса, каков што бил хан Аспарух). На крајот на песната зборот Македонија бил заменет со Б'лгарија. Така, овие стихови биле пеени:”Аконекојрече/ Б'лгаријаемала/ Имауштедва-тридела/ задабидецела...” (Подетално кај Илија Миланов, в.Народнаволја, Благоевград, февруари, 2000, стр. 4) На голем број меѓународни фолклорни фестивали или други слични манифестации бугарските фолклорни ансамбли честопати исполнуваат македонски народни песни и ора, кои ги прикажуваат како бугарски. Со ова се сака да се докаже дека македонските и бугарските песни се едноиисто или дека се многу слични. Тоа значи дека ние и Бугарите имаме истакултура, т.е. претставуваме истнарод.Овдешните малубројни големобугарски пропагатори кога и да слушнат бугарски песни, се обидуваат да покажат дека помеѓу тие песни и нашите нема никаква разлика, па, според тоа, ние сме еденнарод со Бугарите.Но сите наводно бугарски песни што личат на македонските всушност и не се бугарски, туку македонски песни.Оттаму е сличноста. Ист е случајот и со други македонски културни сегменти, кои во Бугарија се прикажуваат како бугарски (народни умотворби, носии, архитектура и сл.). Колку ли вакви интервенции има досега направено бугарската пропагандна машинерија и во објавувањето на мемоарите на илинденските револуционери и на други Македонци, во кои секаде се зборува само за Бугари во Македонија?И колку ли фалсификувани документи, кои наводно се старииавтентични имаат произлезено од неодамна од бугарските пропагандни лаборатории? Полека, но сигурно, сето ова излегува на виделина. |