|
||||
Александар ДОНСКИ: БУГАРСКИТЕ ФАЛСИФИКАТИ НА ДОКУМЕНТИ ПОВРЗАНИ СО МАКЕДОНСКАТА САМОБИТНОСТ (2 ДЕЛ) |
Александар ДОНСКИ Кога се знаат работите што ги изнесовме во првиот дел, воопшто не е чудно што во некои тогашни европски весници илинденските востаници биле нарекувани „Бугари“, на што исто така се повикуваат сегашните големобугарски пропагандисти. Вестите за Илинденското востание минувале исклучиво низ бугарските шовинистички филтри и такви преку БТА и бугарскиот печат биле пласирани во светот, се со цел за да се покаже „бугарскиоткарактер“ на Илинденското востание. Ваквиот начин на пласманот на вестите бил согледан уште во екот на Илинденското востание. Угледниот руски весник “Новоевремја” укажал на фактот дека вестите околу Илинденското востание се фалсификуваат од страна на Бугарите (но и на Турците). Во бројот од 21. 08. 1903 година читаме: „ВеститезавостаниетовоЕвропскаТурцијадоаѓаатвопечатотречисиисклучивоодтурскирацеилиодСофија. Ивоедниотиводругиотслучајтиесеподложуваатнапреработка, приштоголемаулогаигранесамобогататаисточнафантазија, тукуижелбатаработатадасепретставивотаковвид, каковштонајмногуимгодинаТурцитеинаБугарите“. Кога веќе ги спомнавме мемоарите на илинденските револуционери, во кои тие наводно зборуваат за „Бугари“ во Македонија, треба да се има предвид и запишувачот на ваквите текстови. Ова ќе го илустрираме со примерот на проф. Љубомир Милетич. Овој деец е познат запишувач на мемоарите на повеќемина илинденски револуционери, меѓу кои се: Борис Сарафов, Даме Груев, Иван Гарванов и други. Во сите негови записи на сеќавањата, за нашиот народ секаде е употребуван терминот „ Бугари, бугарскиреволуционери“ и сл. Така е и со мемоарите на Борис Сарафов, од кого веќе ги цитиравме изјавите дека Македонците не се ни Бугари, ни Срби, туку само Македонци. Но во мемоарите запишани и објавени од проф. Милетич се споменуваат само „Бугари“ во Македонија. Дали и Милетич не постапил исто како што постапиле со текстовите на Ѓорче Петров, на Никола Вапцаров, на Славе Македонски, на архимандритот Царкњас и на којзнае уште колку други македонски дејци, т.е. дали и тој не ги факлсификувал изјавите на илинденските револуционери? Дека има сериозна основа да се претпостави ова, ќе го наведеме фактот дека Милетич бил закоравен бугароман, кој отворено признавал дека не смее да се дозволи користење на термини поврзани со македонската национална засебност. Уште на 27.12.1903 година проф. Милетич во едно писмо до познатиот славист В. Јагиќ, ги искажал своите антимакедонски ставови, кога напишал: Дасевовлекуваатвоенциклопедијатанекакви “МакедонскиСловени” идасеодделуваатмакедонскитеговоривопосебнагрупа - тоанесмеедаседопушти, заштооднаучногледиштетоаникаконеможедасеоправда. Значи, запишувачот на мемоарите на Сарафов, на Груев (но и на други македонски револуционери) проф. Милетич воопшто не ги криел своите заблуди во врска со македонската национална засебност. Од сето ова цениме дека тој и навистина оставил вредни записи од илинденскиот период, но под сомнеж ја ставаме употребата на бугарските обележја во овие од него запишани мемоари на илинденците.Тој, како бугароман секако дека не би си дозволи да пишува за засебноста на Македонците во делата што самиот ги пишувал. Некои бугарски историчари и публицисти прават подметнувања, и фалсификати, не само во текстовите, туку и во илустрациите. Ќе ја спомнеме книгата од М. Атанасов под наслов „Блгарскицаре“. Во неа се претставени илустрации на ликовите на сите бугарски ханови и цареви (почнувајќи од хан Кубрат, па се до денешниот бугарски цар Симеон). Но, во овие илустраци, илустраторот направил фалсификат.Иако е сосема познато дека турко-монголските бугарски ханови и припаѓале на жолтата раса, во оваа книга, овие ханови се нацртани безмалку со изглед на - Европејци! Ова не се однесува само на вештачки европеизираните црти на нивните лица, туку и на облеките. Дури на ханот Кубрат му се нацртани и долга бела брада и коса, иако е познато дека во древниот „Именик на бугарските ханови“ (напишан во 8 век во времето на неговиот син Аспарух) јасно пишува дека ханот Кубрат, во склад со монголската традиција, бил со избричена глава, а такви биле и неговите претходници: Атила, Ирник и Гостун. Фласификатот на илустраторот е со сосема јасна намена - да се избегне вистинскиот тогашен татаро-монголски изглед и начин на облекување на Бугарите и на читателите да им се остави потсвесен впечаток дека тие небаре биле Европејци. Фалсификати се правени и преку подметнување на фалсификувани историски споменици преку кои се докажувал наводниот „бугарски карактер на Македонија“. Вакви фалсификати се правеле уште во 19 век. Во врска со ова ќе наведеме еден пример. Во 1997 година во Бугарија одекна вест дека во Воденско бил пронајден натпис од времето на цар Самоил, кој наводно датира од 989 година.Овој натпис стана познат под името „Воденскиотнатпис“. Во него, царот Самоил себеси јасно се декларира како „Бугарин“, а како „Бугари“ ги детерминира и жителите на своето царство. Но, лично директорот на Националниот историски музеј во Софија, Божидар Димитров, по стручното прегледување на овој натпис, децидно изјави дека нема никакво сомнение оти се работи за класичен фалсификат. Како фалсификатори Димитров ги посочи бугарските национал-романтичари од 19 век, кои, во својот романтичарски занес, ја фалсификувале оваа плоча и ја закопале за идните времиња. Интересно е тоа што овој „Воденскинатпис“ е многу сличен со „Битолскатаплоча“(во која, за царот Иван Владислав, пишува дека бил „Бугаринпород“), па сега некои наши истражувачи отворено го поставуваат прашањето за автентичноста и на „Битолскатаплоча“ и бараат меѓународни експерти да ја утврдат нејзината старост. Подоцна Димитров стана голем анти-македонски пропагандист, но во овој случај тој постапи чесно и им направи услуга на Македонците. На крајот, да ја спомнеме и појавата на криење на документите и на другите предмети, кои ја докажуваат македонската национална засебност низ историјата. Во 1944 година во близината на Горна Џумаја (денешен Благоевград, з.м.) бил отстранет споменикот од римскиот период, на кој пишувало дека градот Скаптопатра (град што се наоѓал близу денешниот град Сандански) бил македонски град. На споменикот пишувало: „Јас Цезар им забранувам на моите војници, како и на моите офицери да влегуваат во Скапопатра и да ги обеспокојуваат жителите на овој македонски град-држава“. Доколку овој споменик и навистина е уништен (како што некои претпоставуваат), тогаш станува збор за чист варваризам на уништување на остатоци од древната историја. Во шеесеттите години во бугарските библиотеки било можно да се истражува весникот „Македонски глас“ (1885). Но кога големобугарските пропагандисти ја откриле содржината на овој весник, наеднаш исчезнал од бугарските библиотеки и веќе не бил достапен за научните истражувачи од Македонија. По пројавениот интерес на нашите историчари, беследно исчезна од Музејот на Вапцаров во Софија оригиналниот реферат на Никола Јонков Вапцаров, по кој била напишана неговата долга песна Доклад. Овој реферат бил однесен во Партискиот архив на БКП и никој досега не може да го види. Причината е во тоа што, во него Вапцаров јасно се декларира како национално свесен Македонец. Секако дека има и други вакви многубројни примери. Конечно, не случајно и денес бугарските архиви се прилично затворени за истражувачите од Македонија, додека за презентирање на сите фалсификати на личните исправи и останатите документи на Македонците што беа извршени за време на тоталитарниот режим на Тодор Живков (посебно во времето на пописите) не би ни стигнале ниту десет вакви текстови. КРАЈ |