Вторник, 05 Јануари 2021    Печати
Нашинец од Швајцарија донираше респиратори во Прилеп

Додека власта се луксузира, болниците молат за помош: Нашинец од Швајцарија донираше респиратори во Прилеп

Прилепската болница доби швајцарска донација од 20 респиратори-вентилатори, многу битни во лекувањето на ковид-пациентите, особено на тие со потешка клиничка слика.  Донацијата е со помош на нашинец, Дејан Аџиоски, кој живее и работи во Швајцарија и поради неговото пријателство со швајцарската фирма за медицинска опрема БЦД „Микротехник“.

– Ова е многу значајна донација за пациентите со потешка клиничка слика, а ќе се користи и по пандемијата, главно, на интерното одделение, вели директорот на прилепската градска болница „Борка Талески“, Драган Богојески.

-Со овие респиратори ќе им обезбедиме доволен внес на кислород и подобрување на сатурацијата на пациентите кои се лекуваат од Ковид-19. Апаратите соодветно ќе се распределат на сите ковид-оддели за пациентите со потешка клиничка слика, изјави Богојески.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски е благодарен на донацијата, која е прва во земјава од оваа швајцарска фирма. При денешната видео комуникација со соптсвеникто на фирмата Седрих Пахут и со нашинецот Аџиоски, се заблагодари на донацијата и се надева на идна соработка.

– Ова е големо добротворно дело за Прилеп и за граѓаните. Опремата ќе им помогне на сите кои поминувата со Ковид-19, особено е битно зашто Прилеп е меѓу градовите со голем број случаи. Ова ќе го олесни лекувањето, рече Јованоски.

 

https://lider.com.mk/makedonija/dodeka-vlasta-se-luksuzira-bolnicite-molat-za-pomosh-nashinec-od-shvajcarija-donirashe-20-respiratori-vo-prilep/