Петок, 12 Февруари 2021    Печати
Маричиќ не може да спречи да се употребуваат зборовите македонски и Македонија

1Vlado Misajlovski

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски за време на денешната посета на Куманово се осврна на дописот од Бојан Маричиќ за да не се употребува македонски, Република Македонија.

„Тој министер што мисли дека потпишал некој допис да излезе во јавноста и да каже што сакал да каже, бидејќи она што го прочитавме е срамно. Мене никој нема да ми забрани да го користам зборот Македонија, ќе го користам постојано зборот Македонија, ќе го кажувам она што го чувствувам во срцето,  а тоа е една земја за мене, тоа е Република Македонија. Дали тоа се однесувало за трговијата, дали за претпријатија или слично, кој е тој министер, која е оваа влада да ни забрани да си го кажуваме она со кое се гордееме, а тоа е зборот Македонија“, рече.

14915

Мисајловски рече дека никој не може да спречи да се кажуваат зборовите македонски, Македонија.

„Ние ќе ги говориме, но добро оваа влада што мисли дека е демократска да излезе и да го објасни на граѓаните, ова е срамно и жалосно што го прават, но нема да им помине“, кажа Мисајловски.

ВМРО-ДПМНЕ