Недела, 28 Февруари 2021    PDF Печати Е-пошта
Македонците се реалност, а Бугарија е фрустрирана – Заев да не коленичи!

1Sveto

Достоинството на државата нема цена

Зоран Заев е на пат да ги урне столбовите на државата, народот, нацијата. Пробните балони како тој со Љубчо Георгиевски, се само мерење на пулс на народот, и симнување на точката на топење, се до момент кога народот крајно би отрпнал. Но тој филм нема да го гледаат. Секој академски граѓанин, човек што се нарекува себе си лојален на државата, а пред се се цени себе си и своите предци е должен да се спротивстави на уништувањето на државата, и бугарските политики кои водат кон обезличување на нацијата, и понатаму презентација на тезата дека народите се исти, со постепен обид и сон за анексирање, а доколку приликите не им го дозволат тоа, силно сателитско влијание по примерот на Србија со Република Српска.

Каде е болката на Бугарија?

Бугарија, како и секоја балканска држава, која сонува за голема држава, нема друг „празен простор“ кон кој ќе се шири освен Македонија, ценат дека почвата тука е зрела за асимилација на народот и тоа го прават со векови. Дека бугарите се свесни за македонската посебност, и дека таа постоела многу пред 1944 година, која Заев сака да ни ја протне како година на создавање на народот и нацијата говорат илјадници факти, а еден од нив ќе го објавам во оваа колумна.

Петко Славејков, бугарски политичар и писател, претседател на бугарското собрание и министер за внатрешни работи на Бугарија, по нејзиното основање, во весникот „Македонија“, кој е издаван во Цариград во 1871 година, значи пред формирањето на Бугарија, за македонците ќе напише – „ Македонците себеси се сметале за потомци на старите Македонци, и сметале дека немале ништо заедничко со Бугарите, кои погрдно ги нарекувале „Шопи“, и исто така дека оваа „опасност“ земала големи размери во многу македонски средини.“

Целата статија, ја имате во продолжение.

Славејков, во оваа своја статија напишана пред 150 години, вели дека македонците со кои се среќавал себе си се нарекувале потомци на старите ( античките ) македонци и сметале дека немаат ништо заедничко со бугарите. Ова Славејков го пишува кога го немало ниту Тито, ниту Коминтерната, а уште помалку Југославија.

Доколку Димитар Благоев, за нив е одродник и комунист, и го негираат, како ќе го негираат Славејков кој е основоположник на Бугарија, и еден од нејзините идејни творци?

За македонската посебност говорат и големи светски имиња како Вилијам Гледстоун, но и Карл Фрон, последниот во книгата „ Народноста на словенските македонци – Допринос кон решавање на Источното ( ориенталното ) прашање “ ќе напише:  – По моите сопствени студии на српско-бугарскиот спор дојдов до убедување дека Македонците, како по својата историја така и по својот јазик, се посебна народност. Значи, ниту се Срби, уште помалку Бугари, туку се потомци на оние словенски прадоселеници кои го населувале Балканскиот Полуостров веќе долго пред српската и бугарската инвазија и кои подоцна со ниту една од овие две нации не се измешале. 

 

И да не оптеретувам со фактографија, а таа ја има многу, а ја знаат и бугарите, но и самите се свесни за македонската посебност, сакам да ја разбијам нивната теза.

Македонците кои се пишувале бугари, револуционери и учители во Егзархијата

Бугарија целата своја теза ја гради околу неколку небулози.

  1. Гоце Делчев, Даме Груев и останатите дејци на ВМРО биле учители во Бугарската Егзархија. Да биле. И што со тоа? И бугари се учители на Харвард и Оксфорд, па не значи дека се американци или англичани.
  2. Гоце или некој друг револуционер се пишал бугарин, да можеби има такви документи, исто како што има и за неколку илјади македонци, кои заради бугарски пасош и можност да отидат на работа во Западна Европа се декларирале како бугари. Тоа не е доказ за нивната националност, туку доказ на суровата реалност на едно време и мачнината на еден народ кој низ вековите се бори да опстане на овие простори.
  3. Македонците пишувале на бугарски јазик. Грешка. Македонците го користеле писмото кое го користеле бугарите, а кое произлегува од глаголицата, а подоцна кирилицата, тоа е општо словенско писмо кое го користеле Јужните Словени од Странџа до Јадран, а подоцна еволуира, со мали измени во српска, бугарска, македонска кирилица…

За крај сакам да потенцирам еден факт, кој бугарите го забораваат, ако Левски не побрзаше, и ако Русите не им помогнеа да направат држава 1878 година, сега ќе беа романци. Ако србите не се ослободеа во почетокот на 19 век и не беа воинстевени во Војводина сега ќе беа унгаризирани, барем делот во Војводина. Процесите на асимилација ги трпеле и бугарите и србите од своите соседи кои имале држави пред нив, тоа што тие сега го прават во Македонија и го правеле, некој друг им го правел ним, а и самите се свесни дека грешат.

Каде е стравот?

Свесни за македонската посебност, и знаејќи дека 99% од населението во Пиринска Македонија, или сега Благоевградска област се македонци и доколку има слободен попис така и ќе се изјаснат, тие стравуваат дека може да им се отцепи тој дел во корист на Македонија. Тоа е страв кој Бугарија мора да го надмине, исто како што го надмина и Италија со Јужен Тирол, кој е анексиран по Првата Светска Војна од Австрија, а каде мнозинството од населението се германци. Ниту Тирол се отцепи, ниту Австрија им прави проблеми, ниту пак имаа Австријците уцени од Италија пред влегување во ЕУ.

Во Заев е клучот

Заев мора да разбере дека не е ниту прв ниту последен македонски државник. Достоинството за државата нема цена. И по цена влезот во ЕУ, Македонија не смее да се обезличи. Членка сме на НАТО, сојузници со Западниот свет, и тоа ни е доволно. Наместо коленичење пред Бугарија, поголема соработка со САД, Велика Британија, но и ЕУ економски. Да не дозволиме Бугарија, губитник на две светски војни да лечи фрустрација врз Македонија, која како составен дел од СФРЈ ги формираше ОН и го трасираше патот на новиот светски поредок.

Пишува: Светислав Васев

 

На прво место

News image

Високи функционери од власта се директно инволвирани во "Мафија"

Високи функционери од власта се директно инволвирани во "Мафија", Пекер 3 месеци бил тука и се сре...

Историја

News image

Картичка од германски воен логор испратена од Македонец и адресирана до Круево - МАКЕДОНИЈА, иако во 1942 Македонија бил

Картичка од германски воен логор испратена од Македонец и адресирана до Крушево - МАКЕДОНИЈА, иако...

Иселеници

News image

СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (14)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА СВЕТЛЕ – СТИВ СТАМЕВСКИ

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО АНТИЧКИОТ ПЕРИОД (6)

Во Воведот на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.