Вторник, 23 Март 2021    PDF Печати Е-пошта
Никола Груевски : Напамет не ми паднало да земам пари од партијата или чланарини од членството за да купувам имот
nikola 3
 
Никола Груевски
 
 
Во врска со денешните натписи во медиумите за претрес во моето живеалиште во Скопје и пронајдени наводни нови станови сакам да информирам што всушност реално се случува.
Денес, репресивните органи на власта, речиси две и пол години по моето заминување од Македонија и добивање азил во Унгарија, во 06 часот изутрина упаднаа во станот каде живеат моите две деца и сопругата со цел да извршат претрес.
 
Немале потреба да прават такви вознемирувања на моето семејство и особено на децата, бидејќи што и да побарале ќе им било дадено. Освен ако тоа вознемирување не било една од целите.
Како што на јавноста одамна и е познато јас низ годините наназад користев два стана во сопственост на мојата мајка купени на кредит пред дваесетина години. Покрај тоа, во одреден период имав извршено и закуп на два други стана на истиот кат каде живеев а од кои имав потреба, и кои се со помала квадратура, за што поседувам договор за закуп од сопственик со кој немам никаква поврзаност.
 
Непостои ништо друго надвор од тоа. Не постои никаков скриен имот,стан или земјиште. Ниту сум купил, ниту платил, ниту продал било какво земјиште, стан или друг движен и недвижен имот, што впрочем може да се провери и во катастерот.
Надвор од ова, мојата мајка не поседува никаков стан во Арродром. Поседува стан во Капиштец купен на кредит во 1984 година.
 
Непостои некаков мој стан на име на моја секретарка како што денес напишаа дел од медиумите.
Напамет не ми паднало да земам пари од партијата или чланарини од членството за да купувам имот. Впрочем ако целта ми била да живеам во голема удобност имав можност како премиер заедно со семејството да се преселам и десетина години да живеам во многу поголема, побезбедна и поудобна државна вила, што не го направив.
 
Подолг период власта врши притисок, уцени и закани врз лица да ги натераат да бидат лажни сведоци дека нешто што е нивно или нечие, било мое. Употребуваат најбрутални методи од најниски лични уцени и тешки закани по нивната слобода, семејство и имот, па до одредување притвори и други нечовечки методи.
 
Целта им е да ме обвинат за некаков скриен имот а со тоа и за перење пари, за “да докажат” некакви перење пари кое непостои.
 
Освен што е потребно да докажат дека нешто наводно поседувам а кое не е пријавено, за да ме обвинат со квалификација “перење пари”, согласно Законот, потребно е да докажат и од каде се парите за истото да се купи. Оттука немајќи што друго да кажат или смислат, одат на тоа дека сум користел партиски пари, што е безочна лага и невистина. Тоа го прават затоа што не знаат што друго да смислат за да ја затворат лажната конструкцијата за која имаат исклучително политички мотиви и која е дел од политичкиот прогон против мене и обид за мое оцрнување и преставување во очите на јавноста тоа што не сум. И веројатно тука нема да запрат.
 
Покрај ова, во услови на секојдневни криминални афери на власта, неработење, национални предавства и неуспеси, тотално потфрлање со справувањео со пандемијата и (не)набавката на вакцини, пописот кој го започнаа со закон од кој е јасно дека се остава простор за големи манипулации, прогонот го користат и како алатка за дефокусирање на јавноста од реалните проблеми и неуспеси на власта.
 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.