Вторник, 23 Март 2021    PDF Печати Е-пошта
Блокадата на Собранието не е од страна на ВМРО-ДПМНЕ, туку од страна на СДСМ и ДУИ

1Micev

Никола Мицевски : Мнозинството на СДСМ и ДУИ е на стаклени нозе, неопходно е ново стабилно парламентарно мнозинство

Во вечерашното издание на дебатната емисија "Отворено" на ТВ24 гостуваше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој се осврна на моменталната политичка ситуација во државата, нефункционалното Собрание, како и идните чекори на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицевски потенцираше дека власта не функционира добро уште од првиот ден на формирањето на парламентарното мнозинство, бидејќи власта нема стабилно мнозинство, а показател за тоа се 62 пратеници кои што во најголем дел од седниците не можат да присуствуваат на расправите и со тоа кворумот се нарушува. Тоа значи дека блокадата на Собранието не е од страна на ВМРО-ДПМНЕ, туку од страна на СДСМ и ДУИ, кои пред очите на јавноста покажуваат дека долг период не соработуваат и немаат консензус за одлуките во Собранието.

Мицевски вели дека од вкупно 273 закони во Собранието на Република Македонија од опозицијата се блокирани само 9 или 10 закони, што не претставува блокирање на Собрание, туку несогласување по одредени прашања, што е сосема легитимно.

"Во секоја демократска земја е нормално опозицијата да нема исто мислење со власта, односно да има забелешки во работењето на власта. СДСМ и ДУИ треба да размислат дали добро раководат со земјата и дали нивната работа е во полза на граѓаните или во нивна полза за да останат уште малку на политичката сцена. Јавноста е добро запознаена со работата на Собранието, односно со избегнувањето на одговорност од страна на власта и токму затоа ниту СДСМ, ниту ДУИ не треба да ја напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ. Тие треба да признаат дека мнозинството е на стаклени нозе и дека соработката им е нарушена и е на едно ниско ниво, а тоа ќе допринесе за формирање на ново парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ", вели Мицевски.

Зоран Заев велеше дека со 62 пратеници власта ќе функционира беспрекорно, односно дека граѓаните ќе имаат бенефит од тоа мнозинство. А сега кога мнозинството не може да функционира така како што Заев посакува, се блокираат закони, закочени процедури, тргање точки од дневен ред и така натаму. Тоа докажува за нефункционалноста на власта, додаде Мицевски.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе работи за доброто на граѓаните и ќе учествува на Собранието кога тоа ќе придонесува за подобар живот, но доколку власта продолжува да функционира расипнички и во насока на обезбедување политичка удобност за функционерите, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори таквото мнозинство да се соочи со последиците, заврши Мицевски.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.