|
||||
Помош за фамилијата на Ацо Тошта -Уставобранител |
Помош за фамилијата на Македонскиот Уставобранител Ацо Тошта Браќа и сестри Македонци ,да помогнеме на фамилијата на нашиот брат Уставобранител Александар Јаневски или како што повеќето патриоти го знаат Ацо Тошта. Неговата сопругата Тања (во одсуство на Ацо) сама се грижи за фамилијата и неколкуте малолетни деца, финансиската ситуација им е во многу тешка состојба а наскоро можат да го изгубат покривот над глава и бидат избркани на улица од извршители.
Фамилијата Јаневски има хипотека од 23.000 евра врз нивниот единствен дом и се под закана од извршители дека ќе бидат избркани ако долгот не се исплати за брзо време!
Ацо Тошта се биреше за Македонија, редно е ние Македонците да се избориме за го спасиме неговиот дом и фамилија!
Ги замолувам сите патриоти, добродушни луѓе ,Македонци ширум светот кој се во можност да помогнат финансиски, кој колку може толку!
Од мое лично име и од името на Фамилијата Јаневски, Тања и Ацо со дечињата ви благодарам за помошта !
Боби Темелков |