|
||||
Дали министри преку ред се вакцинирале додека народот умира од корона |
Филипче крие кој се вакцинирал, дали министри преку ред се вакцинирале додека народот умира од коронаДодека секој ден има по неколку десеттина починати од корона, Венко Филипче крие кој се се вакцинирал и дали се вакцинирале владини функционери преку ред. Во вчерашната статистика на починати имаше и лице со само 23 години. И тоа не е само бројка, тоа се лица чии семејства се завиени во црно. Во момент кога вакцинацијата прекинува, затоа што имаше само незначителни дози на вакцини, се шири сомнеж дека вакцини примиле функционери, примиле лица кои не биле приоритет. Веднаш да се даде одговор на јавноста, дали некој функционер го земал местото за вакцинација на некое медицинско лице на кое му е неопходна затоа што се грижи за сите граѓани, без разлика дали се суспектни на КОВИД–19 или заразени со вирусот. Венко Филипче, секако, ќе одговара за катастрофата што им се случува на граѓаните, а е предизвикана од последиците на корона кризата! ВМРО-ДПМНЕ |