Вторник, 30 Март 2021    PDF Печати Е-пошта
Попова до Шилегов: 80 проценти од програмата не ви е реализирана, а вие менувате имиња на улици со 20тина куќи без асфалт и канализација

Irena-Popova

Јавната анкета не е дебата. Јавната анкета е само собирање на информации и податоци од граѓаните, вели советничката во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Ирена Попова и додаде дека не може да се повикуваат дека направиле дебата туку анкета.

Не може да се повикувате на таа јавна анкета, дека тоа е јавноста и дека тоа е дебатата. И вчера не случајно на сајтот на Градот Скопје објавивте дека поддршка од Институтот за македонски јазик сте добиле за промена на имињата односно дека со оваа промена имиња на улици ќе добијат  Блаже Конески и Славко Јаневски. Оваа е таа поддршка што требаше да ја добиете за барем 80 проценти на овие предлози кои што денеска се пред нас, истакна Попова.

Попова побара овој предлог да се повлече за некое помирно време, укажувајќи дека е голем трошок во ова време на пандемија кога граѓаните се соочуваат со трошоци, Шилегов им први дополнителен трошок и на граѓаните и на фирмите кои што ќе мора да менуваат лични документи и документи на фирми.

Ние сме гласот на народот и сме должни да ви укажеме дека треба заеднички да се договориме дека треба ова да го повлечеме за едно малку помирно време. Кога зборувам помирно време мислам на оваа пандемија. Верувајте дека на никому не му е гајле за неговата улица сега, туку дали ќе се преживее. Во услови на овие трошоци кои што ги имаме дополнително, граѓаните се плаќаат, па сега уште и фирмите да менуваат документација или граѓаните да менуваат лични карти, рече Попова.

Попова му порача на Шилегов наместо да менува имиња на улици кои едвај имаат 20тина куќи а немаат канализација и асфалт, да изгради нешто па да го именуваат сами, а тие ќе го поддржат тоа.

Не можам да не кажам дека на 80 проценти од нереализирана програма на Петре Шилегов сега ќе отвораме дискусии за улици кои што имаат 20тина куќи кои што не ни личат на улици, кои што немаат асфалт, немаат канализација, значи немаат основни услови да се наречат улици и сега ќе менувате улици. Да многу е лесно да се менуваат имињата како што лесно ги менувате имињата на многу други објекти како катни гаражи, но направете нешто па именувајте го сами, ние ќе го поддржиме со две раце. Ова е срамно, додаде Попова.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.