|
||||
Мицкоски: Пописот мора да биде објективен |
Нема да признаеме резултати кои не се добиени според методологијата на ЕУРОСТАТ, пописот мора да биде објективенХристијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ денес во гостување во емисија на телевизија ТВ21 посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе признае единствено попис кој што ќе се одвива според ЕУРОСТАТ методологијата. Резидентно население и дијаспора се два различни поими. -Таков тип на резултати ние нема да признаеме, се знае што значи според ЕУРОСТАТ и според методологијата што е прифатена попис на население и домаќинства. Ова е евиденција на дијаспора и како евиденција ќе ја третираме. Точно се знае што значи евиденција на дијаспора, точно се знае што значи попис на резидентно население. Јас тоа не го измислувам, тоа е би рекол во првите три реченици во методологијата на ЕУРОСТАТ, истакна Мицкоски. Мицкоски додаде дека Маричиќ не може да кажува тој што сака, се знае попис е операција која што се одвива според ЕУРОСТАТ методологијата. -Еве јавно и транспарентно кажувам во вашата емисија дека она што ВМРО-ДПМНЕ и јас ќе го признаеме тоа е населението кое што е резидентно. Односно кое што ќе се попише тука во септември месец помеѓу 5-ти и 30-ти септември. Останатото е дијаспора што се евидентира, рече Мицкоски. |