|
||||
На денешен ден 1991 година во Прилеп се одржа првиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ |
На 6 и 7 април 1991 година во Прилеп се одржа првиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ е основана на 17 јуни 1990 година во Скопје, како наследник на историското ВМРО, кое се залагаше за независна и самостојна Македонија. Ова е период кога уште формално правно, но и фактички постои СФРЈ, период во кој како што велат тогашните активисти на партијата било тешко да си ВМРО, тешко да бидеш демократ, да се бориш за владеење на правото и вредностите на цивилизираниот свет. Новосоздадената партија ВМРО-ДПМНЕ во тоа време се залагала за одделување на Македонија од југословенската федерација, воскреснувајќи ја идејата за самостојна и суверена македонска држава, за заокружување на македонската државност и за меѓународно признавање. Пред 30 години на 6 и 7 април 1991 година во Прилеп, беше одржан првиот Конгрес на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. На овој Конгрес е воспоставена партиската инфраструктура, ИО преминува во ИК, а секциите во општински комитети, за претседател е реизбран Љубчо Георгиевски. Мотото на Конгресот било „Самостојна и независна Македонија – Воскреснување на идејата за самостојност“. На 6 и 7 мај 1995 година во Кичево пак се одржал вториот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, каде партијата ја доби својата идеолошка определба – демохристијанска партија што дејствува десно од центарот. Уште го живееме сонот на Драган Богдановски!! |