|
||||
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори |
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го назначи Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избориИзвршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница разговараше на актуелни теми, усвои неколку кадровски решенија и донесе неколку заклучоци. Извршниот комитет го назначи генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните локални избори. Воедно, извршниот комитет разговараше за актуелната политичко-економска ситуација во Република Македонија, каде што потенцираше и заклучи дека државата тоне во секој поглед, институциите се крахирани со изгубена доверба кај граѓаните, а пандемијата ги коси граѓаните заради неспособноста на власта. Во Република Македонија владее непочитување на правото и заштита на криминалот од страна на власта, додека пак наместо криминалците, во затворите гнијат неправедно затворени граѓани. Извршниот комитет донесе заклучок да го поддржи настанот најавен на 25 април, кој не е во наша организација, а по повод неправедно затворените уставобранители со драконски казни. Овој настан треба да помине во демократски и мирен чин. Воедно и потенцираме дека се оградуваме од секакви инциденти доколку произлезат од уфрлени провокатори на истиот настан. Извршниот комитет ја анализираше актуелната ситуација за справување со пандемијата, но и економските неуспеси на власта, како и бројните криминални афери, со што уште еднаш заклучи дека како никогаш до сега на Република Македонија и граѓаните потребна и е експертска Влада која ќе ја избави државата од кризата во која ја втурна СДСМ и власта. Извршниот комитет најостро ги осудува последните случувања, потенцирајќи ка аферата “Мафија”, која произлегува од криминалното работење на власта. Фрапирани сме и затечени за криминалната настроеност, воедно и со каква леснотија власта на СДСМ ја направи Република Македонија прибежиште и картел на мафијаши. Власта на СДСМ од Република Македонија направи мафијашка држава, а на чело на државата владее картелот Заеви кој е вмешан во секој криминал кој се случува. Во најбрз можен рок бараме одговорност од власта за аферата “Мафија”, но и за целиот овој криминал за кој сме сведоци периодов, додека пак оставките се неизбежни, а кривичната одговорност треба да биде испорачана. |