|
||||
Заев до кога ќе се криеш? Дали Седат Пекер имал состаноци во влада и со кого? |
Зошто владата на Заев пет дена молчи и не кажува дали Седат Пекер бил на средби во зградата на владата?Што крие Заев и зошто не одговори? Дали зад криењето на Заев се кријат разговори за евентуални бизниси со Седат Пекер и дали во таквите бизниси се спомнува Вице Заев? Веќе видовме дека Седат Пекер се среќавал со градоначалници и функционери од СДСМ и коалицијата, одел во општините и институциите, и бил приман како голем бизнисмен. Згора на тоа Пекер бил придружуван од полициско обезбедување и полициски возила, како да се работи за државник од највисок ранг, а не за криминалец баран со потерница. Полициска придружба не може да му даде некој шалтерски работник или командира на станица, тоа можат да го направат само Заев и Спасовски, а тие мора да кажат кој и како ги уверил дека Седат Пекер треба да добие обезбедување или самите со него се сретнале? Многу прашања, малку одговори. Заев до кога ќе се криеш? |