|
||||
ВЕЛИГДЕНСКО ПРАЗНУВАЊЕ ЗА ВОСКРЕСНУВАЊЕТО НА ИСУС ХРИСТОС |
Се смета дека Ерусалим како дом на три религии, несомнено е многу блиску до небото, бидејќи токму таму човек може да биде сведок на сопственото духовно издигнување, да најде мир и да се доближи до Бога да биде поттикнат да ги почитува и туѓите религии, зошто верувањето во Бога е исто и за Евреите, и за христијаните и за муслиманите. Ерусалим е најсветиот град на јудаизмот, третиот најсвет град во исламот и свет град за христијанството. Тој е основан во IV век пр.н.е, затоа е еден од најстарите градови во светот и, според верувањата, тоа е местото каде од Земјата се оди кон небото. Во него во минатото се влегувало низ Златната порта и, токму низ оваа порта Исус за првпат влегол во градот. Меѓутоа, во 1541 година, султанот Сулејман Величенствениот ја запечатил Златната порта и таа и денес е затворена. На Велигден во исчекување на церемонијата на Светиот пламен, кој во источните цркви го симболизира Христовото воскресение, по полноќ Црквата на Светиот гроб во Ерусалим се исполнува со светлина од свеќи – симбол на воскресението. Сите камбани на древната црква чукаат во ритамот на силните пофални песни на радоста. Среде џагорот на следбениците се слуша повик кој постојано се повторува „Христос воскресна“ и одговорот „Вистина воскресна“. Аџилакот во Светата земја Израел, пак, е во поклонение на празниот гроб на Господ Исус Христос и посета на сите места каде чекорел и ги правел чудата опишани во Библијата. Аџилакот претставува поттик кон утврдување на библиските вистини и кон искрена вера во Господ Исус Христос. Гробот на Исус Христос во Ерусалим Ерусалим е град на вечните убавини и на светите места. Низ милениуми населението на Ерусалим, но и тие што доаѓале и доаѓаат да му се поклонат, го воспевале и го воспеваат како град на вечноста, како центар на светот, како главен град, како град со голема политичка моќ… Според тоа тој има повеќе имиња што му се дадени во Светото писмо, во Мојсиевите записи и во литературата. Израелците го нарекуваат Јерушалаим, од каде потекнува и денешното негово име – Ерусалим, што значи “град на мирот”. Меѓутоа, за постоењето на Ерусалим – градот на Христовите маки, смрт и воскреснување, во текот на последните два милениуми не е врзан поимот мир. Ниту на едно свето место во светот не потекле толку потоци крв како овде. Никаде толку жестоко не се борело, никаде толку длабоко не се мразело и напаѓало како во овој свет град што се сместен на ладните и сиви карпи на планината Јуда. Трите светски религии – еврејската, христијанската и муслиманската, од градот направиле центар на раздорот. Истовремено, никаде не се кажале толку многу молитви како во Ерусалим. Основно значење на зборот црква е „народ“. Црквата е народ Божји повикан да го сознае живиот Бог, да го љуби и да му служи. Ним Исус Христос им го доверил светото библиско откровение и затоа Црквата е „столбот и темелот на вистината“. Иако Црквата самиот Бог ја повикал на постоење, неа ја сочинуваат обичните луѓе, чии погледи се обоени со духот на нивното време Исусовото вистинско послание е разбрано дури по неговата смрт и неговото воскресение. Имено, тој повикувал на вера и преданост и настапувал како конечен судија за човечката судбина. Не објавувал само простување и спасение, туку со својот живот, страдање и смртта и го постигнал тоа! Исус Христос е гласникот, ама е и срцето на пораката. Тој ги повикувал луѓето кај Бога. Тој самиот е тој пат до Бога. Почитувањето на Исус Човекот како Син Божји не извирало од некоја вообразена побожност по неговата смрт, туку во длабокиот впечаток што тој го оставил на своите ученици во трите години на своето дејствување. Неговото воскреснување ја продлабочило и ја потврдило таа увереност. Без сомневање во неговата реална човечност, следбениците сфатиле дека Исус Христос чекорел со Господ. Животот, учењето и смртта на Исус ќе означат нова страница во историјата на човештвото. Во време кога Евреите го оплакуваат уривањето на Храмот, учениците на Исус од Назарет веќе го шират новото, христијанско учење. Ерусалим, градот на Исусовото страдање, смрт и воскресение, до денес ќе остане најголемо светилиште во христијанството. Затоа, секоја година повеќе од еден милион христијани од сите делови на светот доаѓаат во Ерусалим. На Велики петок, пред Велигден, река луѓе минува низ Виа Долороса, по стапките на Синот Божји, на патот кон Голгота. На местото на распнувањето и смртта на Исус се наоѓа Црквата на Светиот гроб, позната уште како Црква на Воскресението, единственото место под небесната капа каде што во исто време можат да се сретнат на молитва верниците од различни христијански заедници. Црквата на Светиот гроб која претставува симбол на единството на сите кои веруваат во Исуса Христа, истовремено е жив сведок на поделеното христијанство. Во не така дамнешното минато, тука доаѓало до тепачки, па дури и убиства меѓу свештениците од различните христијански заедници. Екуменизмот, за среќа, го истакнува заедништвото во Христос за сметка на партикуларните разлики. Сепак, како иронија на судбината, клучевите на Црквата од Светиот гроб традиционално ги чува едно муслиманско семејство, да не се караат разединетите христијани. Исто така, и на Светиот гроб внатре, во црквата, поделбата е видлива. Свои делови поседуваат Грците, Латините, Ерменците, Сиријците, Етиопјаните и Коптите. Под Голгота се наоѓа Адамовата пештера, во која, според преданието, почива првиот човек – Адам. Тука симболично се преплетуваат животот и смртта, минливото и вечното. Адам е првиот човек, Исус последниот. Бидејќи, како во Адам сите умреа, така во Исус сите ќе оживеат. Исус, воскреснувајќи и воздигнувајќи се кон небото, ги носи со себе и првите грешници – Адам и Ева, спасувајќи ги, со својата жртва, сите што живееле и ќе живеат. Слично како и Еврејскиот храм, и Светиот гроб бил осквернавен. На местото на Воскресението римскиот император Адријан ја поставил на гробот фигурата на Јупитер. Меѓутоа, идолите не можеле да го уништат паметењето на луѓето кои во своите срца го чувале споменот на Синот Божји. Нивниот спомен ќе му помогне на царот Константин, првиот христијански владетел, да го лоцира местото на Исусовото мачеништво и да ја изгради Црквата на Светиот гроб.
Меѓутоа, за христијанскиот свет најголемо сквернавање било заземањето на Ерусалим, а со тоа и заземањето на Светиот гроб, од страна на муслиманите. Калифот Омар, освојувачот на Ерусалим, веднаш по влегувањето во градот, најпрво, ја посетил Црквата на Светиот гроб. Велат дека не сакал да одржи исламска молитва во црквата, бидејќи со самиот тој чин црквата би била претворена во џамија. Поради тој гест на калифот Омар, извонредно скромен и толерантен владетел, Црквата на Светиот гроб не ја доживеала судбината на „Аја Софија“ во Истанбул. За жал, калифот Ал – Хаким, за кого велат дека бил ментално растроен, наредил црквата да биде урната до темел. Тоа било во 1009 година. Деведесет години подоцна пристигнала крвавата сметка за лудостите на малоумниот калиф. Имено, крстоносците, ослободувајќи го гробот, го масакрирале, речиси, целото еврејско и муслиманско население на Ерусалим. Светиот гроб, за кој војувале најдобрите христијански рицари, но и разноразни авантуристи кои убивале во Христовото име, денес „мудро“ го чува монах на Грчката православна црква Во Ерусалим е напишана највозбудливата приказна на нашата цивилизација. Тука Бог им се прикажал на луѓето, за првпат, во човечка лика. Тука вечниот живот ја победил смртта. Денес, во свеста и верувањето на милиони христијани Ерусалим е местото од каде што сè почнува и сè ќе заврши, на Судниот ден. Местото каде Исус е распнат, исто така, е дел од оваа црква и е поставено точно над местото каде што е гробот на Адам. Крвта помешана со вино која капела од телото на Исус, протекла низ гробот на Адам. Оттаму е симболиката дека Исус со неговото воскреснување, всушност ја измил целата вина на човечкиот род. Улицата Виа Долороса е некогашниот таканаречен Пат на Крстот кој води до Црквата на Светиот гроб на Исус Христос на ридот на Голгота. На патот до Голгота има четиринаесет станици на Крстот, а на една од нив е статуата на Марија која ја симболизира болката на мајката за синот што ќе биде распнат на височините на ридот. Базиликата на воскреснувањето е веднаш до Светиот гроб и тука се малите остатоци од некогашната камена врата со која, според преданијата, бил затворен гробот. Тоа е едно од автентичните места каде што илјадници верници одат по патот по којшто минал Исус Христос кога пристигнал во Ерусалим, на својата последна Пасха. Овде, секоја година на Велики петок, аџиите го минуваат патот на Крстот од местото на осудата до мрачната Црква на Светиот гроб кој традиционално ја вклучува Голгота и Гробницата која подоцна го прима Христовото раскрвавено и изнемоштено тело. Наречен Виа Долороса или Пат на тагата, патот на Христос претставува блага кривулеста патека низ Стариот град. Црквата е главна атракција и за туристите и за аџиите. Како огромен мозаик од капели, тунели и пештери со архитектонски остатоци што датираат од IV век, таа опфаќа широк спектар традиции. Во неа се сместени последните „станици“ на Виа Долороса - последното патување на Исус до распнувањето. Со црквата љубоморно раководат пет компетитивни и често раскарани христијански деноминации: римокатолиците - кои тука се наречени и латини, грчките православци, ерменските православци, коптските православци и јакобитите. На таванот на црквата постои и мала капела на ортодоксните православци. Понекогаш тензиите околу правата за чистење на црквата или за молење во определен дел на црквата преминуваат во насилство. На Велики петок, пак, одат по патот Виа Долороса, застанувајќи пред приказите за страдањето на Исус Христос. Исто така, ноќта Црквата на Светиот гроб е преполна со верници. Во Црквата се собираат пет христијански заедници: римокатоличката, грчката православна, ерменската православна, сириската православна и коптската заедница – заедно со толпата верници во исчекување на церемонијата на Светиот пламен, кој во источните цркви го симболизира Христовото воскресение. На Велигден во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје По полноќ Црквата на Светиот гроб се исполнува со светлина од свеќи – симбол на воскресението. Сите камбани на древната црква чукаат во ритамот на силните пофални песни на радоста. Среде џагорот на следбениците се слуша повик кој постојано се повторува „Христос воскресна“ и одговорот „Вистина воскреснa” По повод најголемиот православен празник Христово Воскресение – Велигден, свечени литургии се одржуваат во сите македонски православни цркви и манастири во Република Македонија и во иселеништвото во Австралија, Канада. САД и Европската Унија. Централната прослава за најголемиот православен празник Христово Воскресение – Велигден во Македонија се одржува во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Секоја година со свечената Велигденска литургија, во сослужение со членови на Архијерејскиот Синод и со свештенството на соборниот храм чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. кој во своето послание по повод Велигден истакнува дека „сега, кога веќе ни е откриен вечниот живот, да не бидеме упорни во омразата и злото, туку да бидеме постојани во покајанието и простувањето, во воздржувањето и трпението. Да се трудиме да не бидеме повод за соблазна и да не биде хулено името Христово поради нашите дела и постапки. Да се молиме во мир, но и со мир да излегуваме во светот, зашто не би можеле вистински да се радуваме ако сè уште грешиме и ако не сме помирени со Бога“. Секоја година на свечената Велигденска литургија присуствуваат членови на Владата на Република Македонија, на Комисијата за односи со верските заедници и други видни гости кои на крајот од Велигденската служба им го честитаат празникот на Архиепископот Охридски и Македонски на МПЦ-ОА, на другите владини, на присутните свештеници и верници со традиционалниот Велигденски поздрав „Христос воскресна – навистина воскресна“ Пишува:СЛАВЕ КАТИН |