Понеделник, 26 Април 2021    PDF Печати Е-пошта
Македонци од цела Македонија, маршираа по скопските улици под македонските знамиња, обединети како никогаш досега

Bingo2

Сѐмакедонскиот народен протест одржан на 25 Април 2021 година, помина во мирна и демократска атмосфера. Околу 20.000 Македонци од цела Македонија, маршираа по скопските улици под македонските знамиња, обединети како никогаш досега.

1Tato

Организаторите, Македонците во светот, успеаа да го обединат целиот опозициски блок содржан од политички партии и здруженија на граѓани, но и многу граѓани кои што не се политички определени. Со обединувањето, Македонците докажаа дека знаат и умеат да работат заедно кога станува збор за доброто на Македонија. 

178687376

По повод четиригодишнината од кревањето на македонскиот народ против државниот удар од страна на власта во Собранието на Р. Македонија на 27 април 2017-та година, македонскиот народ повторно се собра во знак на револт за неправедно осудените браќа токму од тој ден.

Со интонирањето на албанската химна во Собранието на Р. Македонија и со нелегалниот и насилен избор за претседател на Собранието, власта го прекрши Уставот и Деловникот на Собранието на Р. Македонија. Искористувајќи го патриотизмот и емоционалниот набој на толпата, вратите на Собранието беа отворени, при што по целиот процес потоа, настрадаа патриотите кои што ја бранеа македонската држава. Во ниту еден момент, оние кои што ги отворија вратите од Собранието, не подлегнаа на никаква одговорност пред законите на Р. Македонија. Исценираното дело, резултираше само со небулозна пресуда за уставобранителите за извршување на кривично дело: Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик, по нарачка од власта.

Од тогаш до сега, иселениците работат активно за помош, поддршка и правда за неправедно осудените уставобранители и нивните семејства.

177744426 1851062658402518 2921077796039005581 n

Имено, денеска пред толпата се читаше и декларацијата на Македонците од светот, која ќе биде доставена до: Претседателот на Република Македонија, Собранието и Владата, политичките партии, здруженијата на граѓани и верските заедници во Македонија, како и до македонските заедници и организации во светот:Обединетите Нации, Советот на Европа, Европската Унија, НАТО, ОБСЕ, но  и до странските амбасади и мисии во Македонија. Во декларацијата се бара праведно судство и независно јавно обвинителство, кои што ќе бидат ослободени од партиски влијанија и притисоци, а не да бидат злосторничко здружени со Владата против човековите права и слободи и правниот поредок на државата. Исто така, во неа се бара и одговорност за сите судии и јавни обвинители за нестручното и несовесно вршење на функцијата.

Поддршката од македонските иселеници во ниту еден момент нема да изостане, сѐ додека уставобранителите не ја добијат заслужената правда од судот.

Денешниот протест е првиот чекор кон сѐмакедонско обединување на македонскиот народ, партиите и граѓанските здруженија. Активностите нема да престанат сѐ до паѓањето на оваа антимакедонска Влада.

Од организаторите,

Македонците во светот

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.