Среда, 05 Мај 2021    PDF Печати Е-пошта
Оливер Спасовски и Зоран Заев ја ставаат на коцка кредибилноста на државата и македонскиот пасош

2a 2

Дали пасоши од „Мафија“ имаат и луѓе вклучени во нарко картелот од „Планина“ и зошто уште не се поништени?

Оливер Спасовски и Зоран Заев ја ставаат на коцка кредибилноста на државата и македонскиот пасош.

Спасовски и Заев издадоа пасоши на светски нарко босови од типот на Јован Вукотиќ и Седат Пекер, и на терористи кои одат на боиштата на Блискиот Исток, и ја загрозија не само стабилноста на Македонија, туку и на целиот регион, и се уште не ги поништуваат пасошите.

Како е можно да бидат се уште важечки издадените пасоши од случајот „Мафија“ ? Како е можно да тече судски процес за издадени пасоши, а тие се уште да бидат во употреба?

Спасовски и Заев свесно овозможуваат на стотина нарко босови, убијци и терористи да се шетаат низ светот и да извршуваат убиства, да шверцуваат дрога, да прават терористички напади и други разни криминали.

Не е прашањето до кога овие пасоши ќе бидат важечки, туку зошто веднаш не се поништени. Кој ќе преземе одговорност за евентуалните дела кои што се случиле или ќе се случат како последица на поседувањето на македонски пасош од страна на овие криминалци?

Спасовски и Заев да одговорат и дали пасоши од „Мафија“ имаат и лица поврзани со акцијата „Планина“? Кои дела се направени, и кој се е оштетен?

Секој поминат ден без да се укинат овие пасоши е срам за Македонија, ја нарушува нејзината безбедност, но и безбедноста на целиот регион и пошироко.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.