Петок, 07 Мај 2021    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Никогаш нема да престанам да се борам за безусловна правда

1Hristijan Mickoski

Мицкоски: Никогаш нема да престанам да се борам за безусловна правда на сите граѓани без разлика на нивната припадност

„Ние разговараме за правда. Тоа е основното нешто што треба. Ние сме политичари кои треба да се грижат, граѓаните имаат загарантирана правда и нема никогаш да бидам мирен ако видам и еден човек кој доживеал неправда поради политичко дивеење врз судски одлуки“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Мицкоски додаде „никогаш нема да престанам да се борам за безусловна правда на сите граѓани без разлика на нивната припадност и ќе зборувам со секого“.

Лидерот на ВМРО - ДПМНЕ објасни дека не станало збор за амнестија.

„Ние не бараме амнестија,  туку бараме правда. Што значи тоа? Тоа значи дека овие луѓе кои се обвинети за терористичко - загрозување на уставниот поредок поради непостапување е навистина драконски, и треба да ја добијат пресудата од втор степен за да имаат право на вонреден правен лек  и врз основа на новите докази кои бранителите ги поседуваат да побараат правда во трет степен како што е Врховниот суд или Европскиот суд за човекови права“, рече Мицкоски.

Според него ако можеа случаите Сопот и Монструм, поради една изјава на Зоран Заев кој рече дека не се сторителите тие кои се сторители да започнат од почеток, тогаш зошто и овој случај да не почне од почеток.

„Не гледам зошто овие „терористи“ според Кацарска и Заев, врз основа на нови докази од бранителите, овој случај да го почна од почеток, и да докажат дека не се терористи, но и дека   направиле грешка затоа што прекршиле закон и ќе одговараат за тоа, а не затоа што некој политички дивеел “, посочи Мицкоски.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.